|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто мајките не можат да спијат?

Редакција Рингераја, 16.8.2016
Јa отвораме вратата на темната страна на тоа да се биде родител
Клучни зборови:

image
/11


 

Кога решив да имам дете, да родам уште додека сум на универзитетот и прва во пријателскиот круг да се посветам на мајчинството, не знаев што да очекувам од новиот живот. Не случајно велам дека "донесов  одлука", бидејќи човекот до мене (сеуште не беше мој сопруг) не беше целосно согласен со тоа. Постар од мене, веројатно имал зрел поглед што значи  да носиш одговорност за едно незаштитено, но своеволно суштество.

Немав идеја за тоа. Не сум држела бебе во животот. Гледав романтични комедии и го замислував животот како во кино. Романтичен, забавен, со сопруг кој секогаш е до мене и со радост ќе го подаде своето рамо мојата скршена душа од хормони кои беснеат и вечно насолзени очи. Убедена бев дека ќе го прегрнува моето бремено тело, целото потресено од комбинацијата на недостаток на спиење и коњски дози кофеин.

Имате ли деца? Ако да, тогаш сте свесни колку брзо пукна сапунскиот меур на моите илузии и јас се најдов со бебе во лулка 7-ма последователна вечер во 4 наутро до блажено заспаниот (веќе) сопруг. Недостатокот на сон ме правеше нервозна. Во овие долги часови, кога малото не сакаше да заспие, на сите пшрочитани книги и на напори, да направам нешто што во принцип не се прави, за да можам да ги затворам очите – ги обвинував сите за својата положба - бебето за тоа што ме става во оваа ситуација, мажот ми дека си дозволил да заспие, мајка ми дека не ми кажала дека ќе мора да поминам низ сето тоа.

Се за што сонував, беше да поспијам. Да дојдам до креветот, без да застанам на проклетата  плочка на паркетот која чкрта, која ќе го разбуди повторно громогласниот ѕвер во моето бебе. Долги, непроспиени месеци на успеав да стигнам до спалната соба. Интимноста меѓу нас, како пар, исчезна. Јас се претворив во движечка вреќе со нерви.

И тогаш се случи чудо. Бебето почна да спие навечер. Но не и јас. Продолжив да лежам во кревет. Очните капаци ми тежеа и не можев да отворам очите, тие како да спиеја, но мојот ум продолжуваше да работи. Мислите ми скитаа меѓу обврските, желбите, соништата. Колку сакав да заспијам, а не можев. Ќерка ми спиеше цврсто, а јас поминував часови наведнувајќи се над неа. Со огледалце проверував дали бебето дише. Го гледав ова волшебно суштество кое беше само мое. Да, тоа дете беше најдоброто нешто што ми се случило во животот.

Уште одев како сенка во текот на денот, затоа што сакав да спијам, но не можев. Премногу мисли скитаа во мојот ум навечер.

Вечерта за мене беше и нешто друго. Моето време да бидам со себе. Да го направам тоа, што ми причинува задоволство. Да испијам чаша вино во тишината, да гледам бесмислено реалити. Или едноставно да го разгледам животот на познатите на Facebook. Овој нивен живот, кој мене ми изгледаше толку интересен во моментов.

Колку и да сакав да се наспијам, да останам будна беше единственото време кое можев да го посветам на себе.

Оваа  моја навика, даде други рефлексии - поспаност во текот на денот, со која немаше како да се изборам, недостаток на енергија за да се радувам на грижата на детето; често самосожалување и апатија.

Сега, години подоцна. Веќе со две поотраснали деца, кои не бараат физичко присуство над нивниот кревет, се уште не можам да се вратам на нормалниот режим на спиење. Кога работата дома и во канцеларија ќе заземе заканувачки димензии од времето за семејството, често го слушам мојот син како кажува "Тивко, мама денес е нервозна." Се срамам од тоа.

Не ме сфаќајте погрешно. Ги сакам децата кои ме направија подобар човек. Го сакам сопругот, кој беше до мене, кога бев топка од нерви и кој со воловско трпение ги понесе сите мои емоционални состојби, во кои минав и продолжувам да поминувам јас како мајка.

Често се прашувам како мојата мајка го издржа сето ова и зошто не ми кажа дека ќе има денови во кои ќе сонувам само да можам да заборавам за сите грижи и да ги затворам очите. Но нема да можам, бидејќи детето е со температура; или ќе има претстава и јас се возбудувам повеќе од неа.

Понекогаш исто така се прашувам дали јас ќе бидам така добра мајка да успеам да ја сокријам од  децата темната страна на тоа да се биде родител.



Една приказна споделена од Happy Dreams по повод 8-ми март - денот на мајката.

97% од бремените жени имаат проблеми со спиењето.

Родителите на секое новородено губат помеѓу 400 и 750 часа сон во текот на првата година.

Жените со проблеми во спиењето велат дека губат интерес за 30 до 50% од активностите кои им носеле задоволство во текот на денот.

Секоја трета жена вели дека недостатокот на сон влијае лошо на односот нејзиниот сопруг.

Жените кои во текот на 10 години спијат по 5 часа на вечер, страдаат од висок крвен притисок и ризикот од срцев застој е со 39% поголем кај нив отколку кај оние кои спијат по 8 часа дневно.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
3
Нова епизода на „Кој кого расте“: Религија...
Телевизиската емисија наменета за родители „Кој кого расте“ и водителот Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20...
3
Што повеќе не правам за своите деца?
Постојат моменти кога родителите мислат дека никогаш повеќе нема да бидат во можност да седнат и мирно да испијат една ч...
3
Љубов и ограничување при воспитувањето на ...
Во најново време стана мода да се наоѓаат причини за лошото однесување на детето, па така кога на родителите во друштво ...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?