vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Родителите кои ги донесле на свет своите деца, не го направиле тоа како чин на себичност – да имаат некој кој ќе биде со нив, кој ќе ги занемари своите потреби и својот живот ќе го посвети на родителите. Родителите не ги раѓаат децата за себе, туку и за овој свет. Меѓутоа некои родители, заради своите нерешени проблеми го забораваат тоа и не им дозволуваат на веќе израснатите деца да се осамостојат, а при тоа користат емоционални уцени.
Не треба да се ставаат сите јајца во еден кош
Родителите и нивните деца би требало до крајот на својот живот да имаат посебен однос, втемелен на доверба и љубов.
Тоа е однос кој ќе им овозможи и на едните и на другите да ги негуваат и другите односи и да не ги ставаат сите јајца во еден кош. Родителите се имаат еден со друг, роднините и пријателите. Со партнерот доаѓаат и неговите роднини па и тие стануваат наши. Ние имаме пријатели и се запознаваме со пријателите на нашиот партнер и создаваме нови, заеднички пријатели. Тука се и нашите деца кои ги сакаме, но не на тој начин за да ги врземе за себе и откако ќе пораснат и ќе бараат свои пријатели.
Одвојувањето почнува уште во градинка
Прво детето го носиме во своето тело, потоа го држиме во раце, па детето почнува да оди самостојно. Почнува да трча и тоа не само со нас туку и со други луѓе. Паметниот и нормален родител не ја кочи социјализацијата на своето дете бидејќи знае дека детето ќе оди во градинка со други деца, во училиште, па и на разни натпревари, клубови и на факултет. Детето на почеток летува со родителите, а подоцна оди на излет со колегите од училиште. Децата растат и се дружат со врсници и тоа е она што секој родител мора не само да го поддржи туку и да го поттикне.
Недостатокот на партнерска љубов води во посесивност
Некои родители имаат потешкотии со себе или со партнерот. Им се чини дека немаат доволно љубов во партнерскиот однос, па се врзуваат за детето. Не само што се врзуваат туку и посесивно инсистираат детето да биде со нив. Го крадат времето на детето за дружење со пријателите и детето го прават осамено. Дали тие родители се прашуваат како нивното дете ќе се снајде во овој свет без пријатели, кога неговите родители веќе нема да бидат тука? Понекогаш тоа е вистинска борба, детето сака надвор, а родителите со лутина или плач – емоционално го врзуваат за себе.
Драги посесивни родители кои не сте сфатиле дека тоа што му го давате на детето не е љубов, туку затвор. Драги посесивни родители станете навистина драги и нормални и сфатете дека љубовта е слобода. И бидете горди на своите деца, кои сакаат да бидат слободни. Само такви деца ќе ве сакаат и почитуваат и понатаму, а со вас ќе имаат и свои пријатели и своја љубов. Можеби ќе ви донесат и внуци еден убав ден, ако не бидат постојано до вас, да гледаат телевизија.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Желудочни киселини во првиот триместар
Покрај мачнината и заморот, првите недели од бременоста кај некои жени...
Исхрана за подобра плодност после 30-тите
По 30-тите, грижата за репродуктивното здравје станува уште поважна. ...
Пред двете цртички, не заборавајте на фолната киселина
Грижата за здравјето на идното бебе започнува уште пред да се појават ...
Дали во бременоста треба да пиете повеќе течности?
Поголемата жед во бременоста не е необична. Телото постепено се приспо...
Кај некои жени симптомите се појавуваат само неколку дена пред менстру...