vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
1. Децата учат од она што ги опкружува;
2. Ако едно дете често е критикувано, тоа се учи да суди;
3. Ако едно дете често е пофалувано - тоа се учи да се цени себеси и другите;
4. Ако вашето дете расте во непријателска средина - тоа се учи да се бори;
5. Ако сте искрени со вашето дете - тоа ќе израсне во чесен човек;
6. Ако едно дете често е осамено - тоа ќе израсне во срамежливо дете;
7. Ако едно дете живее со чувството за безбедност - тоа ќе има верба во другите;
8. Ако едно дете често е осудувано - тоа често ќе чувствува вина;
9. Ако едно дете често добива одобрување - тоа ќе се научи да се цени себе;
10. Ако сте поблаги кон детето - тоа ќе се научи на трпение;
11. Ако често се веселите со детето - тоа ќе изгради доверба во вас;
12. Ако едно дете живее во атмосфера на пријателство и добронамерност - тоа ќе се научи како да ја открива љубовта;
13. Не зборувајте лошо за детето - ниту во негово присуство, ниту во негово отсуство;
14. Фокусирајте се на развојот на најдобрите квалитети во детето, па за лошите да не остане место;
15. Слушајте внимателно што зборуваат и што ве прашуваат децата и секогаш одговарајте им;
16. Почитување детето, дури и кога греши, грешките се поправливи - не е важно дали ќе се коригираат веднаш или по време;
17. Бидете подготвени да помагате во секоја ситуација на дете кое го бара тоа;
18. Помагајте му на на вашето дете да ги развива своите способности од најрана возраст. Дали ова со трпение, грижа, разбирање и љубов;
19. Во воспитувањето на детето секогаш придржувајте се кон основниот принцип, имено - покажувајте му го најдоброто од себе.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога е време да побарате помош ако бременоста не доаѓа?
Обидите за зачнување понекогаш траат подолго отколку што очекуваме. То...
Каде се се крие кофеинот освен во кафето?
Кога ќе помислиме на кофеин, првата асоцијација обично е кафето. Но, к...
Како да воспоставите здрав сон кај бебето?
Здравиот сон кај бебето не значи дека мора да спие цела ноќ без будење...
Следење на овулација – исцедок од вагина (цервикален секрет)
Како да го пратите природниот циклус на жената и да ги одредите плодни...
Колку расте бебето во второто тромесечје?
Второто тромесечје кое е од 14тата до 27мата недела, е период на интен...