Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Бременост. Јасна, како бел ден, две сини линии се прикажани на тестот за бременост кој сте го купиле. За поголема безбедност проверете 2 пати. Една цртичка- не сте бремена. Две цртички- бремена сте.
Обично, кога ќе дознаете дека носите живот, сте нервозни, возбудени, уплашени и во очекување. Тоа конечно ви се случува. По долг период на подготовка и предвидување, тоа конечно е вистина. Ќе бидете мајка!
Во овие девет месеци ќе научите да го цените мајчинството и да го сфаќате сериозно. Ќе се здобиете со нова идеја за родителските односи.
Ќе се сетите како се однесувала вашата мајка со вас во вашето детство. Што ви кажала, како ве воспитувала, како ве советувала. Но секако има нешта кои вашата мајка не ви ги кажала, а вие исто така ќе поминете низ нив со своето дете.
Еве кои се тие.
1. "Сте ја принудувале да плаче"
Вие сте ја принудувале да плаче многу. Мајка ви се расплакала кога дознала дека е бремена. Таа плачела додека ве раѓала. Плачела е кога ве видела за прв пат и кога сте го направиле својот прв чекор. Постојано се грижела и доживувала страв и вознемиреност заради вас. Таа ја споделувала болката и среќата со вас, без разлика дали вие тоа го сфаќате.
2. "Мајка ви се лишувала од многу нешта заради вас
Мајка ви го сакала последното парче од колачот. Но кога видела дека ја гледате со своите големи очи, ги лижете усните, таа се лишувала од парчето торта, оставајќи го за вас.
Вашата мајка се чувствува среќна кога сте задоволни и често се занемарува себе, пред вас.
3. "Издржувала болка заради вас"
Мајка ви многу пати чувствувала болка заради вас. Најпрво во долготрајните девет месеци и породувањето, а потоа и кога сте ја влечеле за косата или обетките и кога сте ја гризеле. Таа ја надминала сета болка, која сте и ја причиниле, се уште ве сака и се грижи за вас.
4. "Секогаш се плашела за вас
Вашата мајка секогаш чувствувала страв да не ви се случи нешто лошо. Од моментот во кој сте биле зачнати, таа прави сe, за да ве заштити.
Срцето и скокало лудо, кога сте ги направиле првите чекори. Таа останува до доцна за да се увери дека ќе се вратите дома и сте безбедни или станува рано, за да ве испрати на училиште.
Мајка ви отсекогаш била подготвена да даде сe за вас, без оглед на потешкотиите кои и се испречувале на патот или ризиците кои требало да ги преземе.
5. "Мајка ви сака да е совршена"
Вашата мајка знае дека не е совршена и често се критикува сама. Мајка ви ги знае сите свои недостатоци и понекогаш се мрази заради нив.
Но таа сака да биде најдобрата мајка и се труди да не си дозволува никакви грешки, иако како секој човек и таа ги прави понекогаш. Најверојатно се уште се обидува да си прости за нив и сака со целото свое срце да се врати назад во времето и да ги поправи.
6. "Мајка ви секогаш ве става на прво место"
Вашата мајка е подготвена да се лиши од храна, туш или сон, бидејќи секогаш ги става вашите потреби на прво место.
Често го поминува целиот ден, за да одговори на вашите потреби. Навечер е потполно без сила, но следниот ден ќе се разбуди и ќе направи се повторно, бидејќи вие и значите премногу.
Во заклучок може да се каже дека треба да ја цените вашата мајка и да ги прифатите нејзините недостатоци за да се чувствувате подобро.
забава Бремените
Автор: bobik
Летото носи сонце, топло време, одмори и лесна облека, но за многумина...
7 причини зошто се дебелееме нагло
Чувствувате дека бројките на вагата одат нагоре иако не сте промениле ...
Што кога ќе дојде до неверство во бракот?
Неверството е една од најдлабоките повреди што може да му се случат на...
Менструација во бременост. Дали е можно и нормално?
Една од најчестите заблуди поврзани со бременоста е верувањето дека е ...
Во светот на пелени, ноќни будења и претпородилни возбудувања, грижата...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?