|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Методи на воспитување на децата

Редакција Рингераја, 22.10.2010
Воспитувањето на децата, во поширока смисла на зборот, може да го дефинираме како водење на детето по патот на неговиот раст.

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Ефективно однесување на возрасните при воспитување на детето:

 

1.      Со разговор наведете го детето да Ви каже што сака да знае и какви информации му се потребни.

2.      Поттикнувајте го во ситуациите кога му оди добро, но и кога нешто ќе му тргне на лошо со:

         - мали, но пријатни изненадувања

         - внимателно слушање со цел да почувствува дека ни е важно тоа што го зборува

         - наведете го да си дава поткрепа и да се наградува кога нешто добро ќе направи

 

3.      Дајте му признание за неговото позитивно однесување:

        - кога ќе покаже самостојност и одговорност

        - кога ќе си го одржи ветувањето

        - кога лесно ќе се прилагоди на нова ситуација, кога е подготвено да преговара и постигне компромис

        - кога самостојно ќе донесе одлука

        - кога ги планира своите активности и кога поставува јасни и дофатливи цели

        - кога успешно комуницира со другите

        - кога штеди

 

Неефективно однесување на родителите при воспитување на детето


1.      Забушавање (“Кога конечно ќе ја средиш својата соба, ти реков 5 пати?”)

2.      Проповедање (“Знаеше како треба, зошто не постапи така? Се срамам од тебе!”)

3.      Оптужување (“Како можеше, после се што направив за тебе?”)

4.      Заканување (“Ако веднаш не престанеш да зборуваш ќе те накажам на татко ти.”)

5.      Споредување (“Брат ти е многу попаметен и помирен од тебе.”)

6.      Викање (“Тишина!”)

7.      Критикување (“Навистина си блесав. Ако вака продолжиш којзнае каде ќе завршиш.”)

8.      Ќотек (“Ова ме боли повеќе од тебе, се надевам ќе запомниш тоа повеќе да не го правиш.”)

9.      Казнување (“Заради тоа што го направи цела недела нема да излезиш од дома.”)

 

Ако неефективното однесување на родителите трае подолго време, го расипува добриот однос со децата и често ги повредува бидејќи е присилувачки. Кога возрасните ги присилуваат децата на нешто, тогаш тие:

- Бурно реагираат, викаат, уништуваат предмети, се тепаат;

- Се повлекуваат во себе на различни начини: претерано спијат, ги игнорираат возрасните, стануваат безволни и депресивни.

 

 

Стилови на воспитување и нивното влијание врз децата


 

Стил на воспитување

 

 

Постапки на родителите

 

Влијание врз децата

 

 

Пермисивен

 

Не поставуваат правила за однесување и нивниот однос со децата е топол и емотивен.

Децата воспитувани по овој стил се импулсивни, неконтролирано се однесуваат, самоувренени се, наметливи и асоцијални.

 

 

 

Авторитарен (строг)

 

 

Родителите се груби, неприлагодливи и непопустливи кон детето. Родителите немаат разбирање за детските желби и потреби, ладни се кон децата.

 

Децата воспитувани по овој стил се агресивни, имаат проблеми со врсниците и се склони кон антисоцијално однесување

 

 

 

 

 

 

Авторитативен

 

 

Родителите имаат рамноправен однос во комуникацијата со децата, ја поттикнуваат нивната самостојност и одговорност, нивната подготвеност за постигнување на компромис и планирање на сопствените активности. Авторитативните родители имаат топол однос кон децата, ги разбираат детските желби и се прилагодливи, но знаат и да постават граници и правила.

 

 

 

Децата воспитувани во овој стил ќе бидат пријателски настроени кон другите, самостојни се и имаат самодоверба, знаат да го прилагодат своето однесување кон одредена ситуација.

 

Хиперактивен

(презаштитнички)

Односот е топол, но значи претерана заштита на детето и грижа за секоја ситница која би можела да го наруши идеалниот развој на детето, според замислата на родителот.

 

Претерано заштитените деца ќе бидат несамостојни, нестаболни, пречувствителни и несигурни.

 

 

Индиферентен

(занемарувачки)

Родителите немаат мотивирачки воспитен однос кон детето и се незаинтересирани за детскиот раст и развој. Родителот го игнорира детето и го остава да се снаоѓа само.

 

Децата воспитувани на овој начин се непослушни и не соработуваат во социјални активности, имаат низок степен на самопочитување.

 

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Интервју со Miss Mama Mk: Мајка со многу у...
Зорица Николовска, @miss.mama.mk или попознато како Мајка му на Мартин, веќе една година постои, креира содржина и споде...
5
Интернет опасности за кои родителите не ра...
Ризиците не доаѓаат секогаш од „лоши луѓе“, туку од секојдневието.
4
Опис на одењето од плажа – дома
Одењето од плажа почнува околу два часа пред доаѓањето на плажа. Тогаш всушност сакаше да тргнеш, но некој во тој момент...
4
Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
4




Анкета

Na kolku godini?
Jana9

Na kolku godini stapivte vo brak?

18-20 (25%)

20-25 (50%)

25-30 (0%)

30-35 (0%)

35-40 (0%)

40... (25%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!