|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Тестото е најдобра играчка?!

Редакција Рингераја, 31.7.2020
Современите играчки освен што се скапи, често ја ограничуваат фантазијата на децата, но родителите продолжуваат да ги купуваат. Затрупани со куп пластика, децата забораваат на традиционалните играчки и материјали кои влијаат позитивно на развојот

image
/11


 

 

Месењето тесто ја развива моториката

Современото темпо на живот е такво што напнатост чувствуваат не само возрасните туку и децата, па и нив им е потребно опуштање. Во тоа одлични се покажале игрите со тесто. Тестото како природен материјал не содржи токсични материи, со кои често изобилуваат индустриските играчки и безбедно е за децата. Додека детето го истражува овој пријатен и мек материјал и си игра со него, неговата креативност доаѓа до израз. Не треба да заборавиме дека во текот на оваа игра на детето му е поважен процесот на создавање, од самиот резултат.

Моделирањето на тестото овозможува различни тактички искуства, развој на фината моторика, што е од исклучително значење во предшколска возраст. Детето се опушта, ја ослободува фантазијата и секогаш има нова можност да се обиде повторно.

 

Уживајте во истурањето

Игрите со песок отсекогаш го окупирале вниманието на децата. Во претурањето и истурањето, во предизвикот од недофатлив материјал да се направи нешто, се крие вистинска магија. Овие игри им се особено интересни на децата од година и пол до три години, но и малку постари. Можат да се организираат и во домашни услови така што ќе се употребат материјали кои одлично заменуваат песок како што се презла, пченкарен и пченичен гриз  и ориз.

Пред  да му ги понудите на детето овие материјали и садови, подгответе го местото каде што детето ќе си игра. Тепихот заштитете го со прекривка или најлон, или организирајте ја играта во делот од домот каде што имате плочки (кујна, тераса, ходник).

Доколку Ви пречи нередот и ако постојано го предупредувате детето да внимава, играта ја губи смислата и подобро да не започнувате.

 

Водата најдобро опушта

Игрите во вода и со вода најмногу опуштаат. Разговорот со детето додека опуштено си игра во кадата со гумените играчки, ќе Ви годи и Вам и на детето. Бидејќи животот ни се сведува само на завршување на обврски, ова ќе биде извонредна можност за разговор и многу смеење, што секако допринесува во создавање на пријатна семејна атмосфера.

Ако немате време за вакви игри во када, понудете му на детето да Ви измие неколку пластични лажички и чаши. Ќе ужива повеќе отколку што може да замислите.

 

Маскирањето ја буди фантазијата

Веќе со неполни три години децата почнуваат да се интересираат за костими и маскирање, односно за игра на улоги. Во некој мирен дел од домот фиксирајте огледало на ѕид во висина на детето. Покрај огледалото ставете кутија со стари шешири, марами, наочари за сонце и други волшебни ситници. Пребарувајќи  низ кутијата, детето ќе влезе во светот на фантазијата, ќе ја развива својата креативност, но ќе стекне и слика за себе.

 

Направете домашно милениче

Во домот секогаш се наоѓа по некој орев, па и костен собран после есента. Од половина лушпа од орев со боење може да се направи бубамара, а од костени и чечкалици – еж. Вклучете го детето во правење фигури и ќе видите како ќе му го задржите вниманието. Оваа активност ќе допринесе во развивање на самопочит, кога неговото ремек-дело ќе го заземе најубавото место на регалот во дневната соба, барем во неколкуте следни денови.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Склопување нови пријателства
Погледнете го разговорот со психологот Розета Павлова и искуството на мајката Ивана Кочева и нејзиниот син Михајло на те...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?