Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Доење
Зачестеност на хранењето
Сега веќе го апсолвиравте доењето и обострано уживате во него. Сеуште е препорачливо зачестеноста на доењето да ја прилагодите со желбата на доенчето. Со тек на време тоа ќе воспостави свој ритам на хранење. Во вториот месец на повеќето доенчиња им се потребни 7-8 оброци дневно (во текот на 24 часа) Повеќето доенчиња се будат 2-3 пати за хранење во текот на ноќта, а некои спијат и 6 часа без прекин. Потребата за храна на доенчето обично расте во 3-та, 6-та недела, па во третиот месец, но може и било кога во времето на брз развој. Тоа се сосем природни скокови во растот и се манифестираат преку желбата за почесто доење.
Дали имам доволно млеко
Мајките често се загрижени дека немаат доволно млеко. Уште повеќе, ако доенчето многу плаче. Треба да се знае дека со плачот детето ни порачува дека е уморно, дека му е жешко, ладно, или дека го мачат стомачни грчеви. Ако доенчето напредува во тежина, мирно спие, ако во периодите на будност е живо, има светла урина или повеќе пати во денот уринира, Вашата грижа е беспредметна.
Дохрана
Хранење со шишенце
Ако доењето не е можно, или сте одлучиле дека не сакате да доите, замена за мајчиното млеко е фабрички преработено, адаптирано млеко за доенчиња (т.н. млечна мешавина, млечна формула, адаптирано или вештачко млеко). На располагање Ви е цела палета различни млечни формули. За соодветен избор консултирајте се со матичниот педијатар, или со фармацевтот во аптека.
Зачестеност на хранењето
При хранење со шишенце најдобро е, како и при доењето, растојанието меѓу поединечните оброци да го прилагодите на желбите на доенчето. Понудете му шишенце кога плаче или кога покажува други знаци на глад. Во вториот месец доенчето воспоставува сопствен ритам на хранење и потребни му се околу 6 оброци дневно (приближно на секои три часа) . Што се однесува на количината за млеко за поединечен оброк, потребно е да се придржувате на упатството на амбалажата. Треба да знаете дека доенчето не е секогаш подеднакво гладно, затоа не го присилувајте да го испие сето млеко кое сте го подготвиле.
Повеќе за хранењето и подригнувањето на доенчето можете да прочитате во воведниот прв месец.
Моето доенче
Развојни фази
Спиење
Доење и дохрана
Здравје и нега
Моето доенче
Развојни фази
Спиење
Доење и дохрана
Здравје и нега
Претходен период: Возраст 1 до 4 недели
Следен период: Возраст 2 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Кога радоста на другите боли. Твојот пат до бременост
Таа објава на социјалните мрежи. Уште еден позитивен тест. Уште една „...
Исхраната за време на бременоста не е диета, ниту „јадење за двајца“, ...
Кога хормоните и тежината соработуваат
Регулирањето на телесната тежина не е само прашање на калории и физичк...
Што да направиш ако постојано мислиш на бившиот?
Мислењето на бившиот партнер не значи дека си слаба, дека си заглавена...
Што да направите пред да планирате бебе?
Одлуката да планирате бебе е период кога е важно телото, умот и секојд...