Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Вакцинација
Со наполнети четири месеци доенчето прима втора доза од вакцината против дифтерија, тетанус и пертусис, детска парализа и ХИБ тип Б. Во Македонија е задолжителна вакцинација против дифтерија, тетанус и пертусис, детска парализа и ХИБ тип Б, вакцинација против мали сипаници и заушки и рубеола, против жолтица тип Б и туберкулоза. Прочитајте го Календарот за вакцинација на Рингераја
Запчињата растат
Првите млечни запчиња почнуваат да избиваат помеѓу 6 и 9 месеци старост. Отстапувањето од 4 месеци под и над долната граница, не значи ништо посебно.
Кај некои деца никнувањето на запчињата е проследено со болка, кај други не. Обично најбурно реагираат на првото запче, плачат и одбиваат храна, иако се гладни. Заради тоа не треба да се грижите, затоа што ќе помине, освен ако доенчето не јадело неколку оброци, ако не пие или јаде премалку, неколку дена по ред. Во тој случај обратете се кај неговиот матичен педијатар.
Многу доенчиња и нивните родители не можат да спијат заради болката која ја предизвикува растот на забите! Болката од забите може да се рашири на ушите и лицето, поготово кога никнуваат задните заби. Заради тоа некои деца го чешаат лицето и ги тријат и влечат ушите. Немојте да заборавите дека влечењето на ушите може да биде знак за нивно воспаление. Ако се сомневате во тоа посетете го матичниот педијатар, без оглед на тоа дали на детето му растат заби или не.
Доенчето може и само да си ја смири болката, ако притисне нешто на болното место. Најмногу помага ако му ставите нешто ладно. Од помош се и пластични играчки за гризење (посебно оние кои можат да се изладат во фрижидер), или меки играчки од фротир кои секогаш мора да бидат испрани. Доенчето за триење на непцата најчесто ги користи прстите. Заради тоа помага ако болното место му го масирате со прст – нормално со чиста рака. Иако доенчето во прв момент ќе се обиде да го оттурне прстот, затоа што допирот ќе го заболи, веќе во следниот момент ќе почувствува олеснување и ќе се смири.
Со никнувањето на забите може да се појави и температура. Не е веројатно дека се појавува заради никнувањето на забите, но докажано е дека температурата го забрзува нивниот раст. Причина за температурата може да биде инфекција затоа што детето заради болката става во уста работи кои не се чисти.
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Си играме
Претходен период: Возраст 3 месеци
Следен период: Возраст 5 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Првата играчка не е само обичен предмет. Таа е првиот мост кон светот ...
Како да ги заштитите коските за време на бременост?
За време на бременоста, телото на жената прави неверојатни прилагодува...
Митови и вистини спиење со бебето во ист кревет
Што треба да знаете пред да ја донесете оваа одлука, со срце, но и со ...
Фризерскиот салон како оаза за бремени жени – еве зошто
Мирисот на шампон, звукот на фенот и тишината на мислите. Понекогаш, т...
Нега на кожата кај новороденчиња
Кожата на новороденчињата е неверојатно нежна, чувствителна и подложна...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: