Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Држење на главата и развој на телото
Доенчето нема повеќе проблеми со држење на главата, вашата поткрепа повеќе не е потребна. Кога лежи на стомак го подигнува телото со помош на рацете. Од таа положба може да се преврти на грб (повеќето бебиња учат да се завртат од стомак на грб).Обезбедете му на Вашето дете сигурна околина за истражување и освојување на нови можности на телото. Во овој период детето е воодушевен истражувач. Доволно е да имате голем прекривач, или уште подобро подлога која може да ја ставите на подот или надвор на тревата.
На движењата (превртување и лазење) поттикнете го со играчка која ќе ја ставите малку подалеку од неговата рака. Кога е во лежечка положба, доенчето покажува желба за седење. Се подобро владее со своето тело, моториката му е пофлексибилна, се помалку има рефлексни движења, неговото однесување станува намерно. Интензивно ги движи нозете, се повеќе се витка и мавта со рачињата. Сето тоа помага за развој и зајакнување на мускулатурата.
Играчките ги прифаќа со цела дланка и посебно е задоволно кога само ќе успее да го дофати саканиот предмет. Ги разгледува играчките додека ги држи и често успева да ги стави во уста. Некое време вниманието може да му го задржи играта со сопствените рачиња.
Ужива ако го подигнете во седечка положба, но за тоа сеуште му треба помош. Затоа е најдобро да седи во прегратката на возрасните.
Комуникација на доенчето
Во петтиот месец од животот доенчето почнува гласно да се смее. Набрзо по тоа следува и гласното врискање. На познат глас и насмевка одговара со насмевка и гугање. Неговото однесување е воздржано во присуство на луѓе кои не ги познава и кои не ги гледа често. Најразиграно е во друштво со родителите.
Посматрањето на случувањата во околината и гугањето се најомилената забава на доенчето во овој период. “Зборувајќи” сака да го привлече вниманието на родителите и да воспостави контакт со нив. Внимателно слуша што му зборувате и го проучува Вашето лице. Кога ќе престанете да зборувате одговара во различни звуци и насмевка. Многу јасно покажува дека ужива во дружењето со родителите.
Развој на гласовите
На самогласките постепено им се придружуваат и согласките. Во првата година се развиваат гласовите П, Б, М, Н, Ј, Т, Д, К, Г и В. Доенчето најчесто открива по две букви одеднаш и почнува неуморно да ги повторува слоговите (нпр. Ма-ма-ма-ма или да-да-да). Иако првото “ма-ма” ќе ве воодушеви треба да знаете дека детето сеуште не го разбира значењето на зборовите и дека тоа следи по првиот роденден. Потрудете се што повеќе да му се посветите на доенчето и многу да разговарате со него. Развојот на говорот многу зависи од времето кое му го посветувате. Доенчето се забавува со повторување на слоговите и често ги користи гласовите за да го привлече вниманието на родителите и да воспостави контакт со нив.
Емоции на доенчето
Доенчето веќе знае да ги покаже своите емоции во комбинација со глас, гестикулации и движења на телото. Ако е весело ќе ви покаже со гласно смеење и врискање. Ако нешто не му се допаѓа ќе се заврти на страна, ќе се тргне од родителот и ќе го тргне погледот.
Бидејќи детето веќе знае од Вашето лице да ги распознае основните емоции, обидете се да бидете што почесто насмеани. Со смеењето на детето му давате чувство на сигурност и градите цврста врска меѓу вас. Вистина е дека не можете секогаш да бидете насмеани и добро расположени, но за добробит на детето вреди да се потрудите. Со секоја насмевка на доенчето му испраќате позитивна енергија.
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Си играме
Претходен период: Возраст 3 месеци
Следен период: Возраст 5 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што значат соништата за време на бременоста?
Бременоста носи многу промени: телесни, емоционални, хормонални. Но ед...
Како да играте со вашето бебе додека е будно?
Во првите неколку недели по раѓањето, новороденчето поголемиот дел од ...
Најдобри пијалоци за метаболизам и слабеење
Кога зборуваме за слабеење, често мислиме на исхраната и физичката акт...
Природни трикови за мазна и природна коса
Дали сакате мазна и уредна коса, или пак да и дадете природен изглед н...
Детството е периодот кога учиме да го разбираме светот и сето она што ...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: