Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Тато, играј со мене!
Таткото има поинаков пристап спрема доенчето, отколку мајката. Поинаков е неговиот начин на тешење, на игра, накратко, моментите поминати со таткото се различни од моментите поминати со мајката. Така и треба да биде. Со тоа доенчето ја учи разнообразноста на социјалните контакти и емоционалниот одговор кон нив.
Поминувајте што повеќе време со вашето мало богатство, а во меѓувреме мамичка нека си посвети неколку моменти себе си. Бидете му партнер на доенчето при откривањето на светот и потрудете се да му покажете што повеќе работи низ игра. Погрижете се за сигурна околина и сите потенцијално опасни работи и драгоцени предмети оставете ги на сигурно – вон негов дофат.
Прошетка на свеж воздух ќе ви годи и Вам и на Вашето дете. Може да се одлучите за прошетка со количка, доенчето може да го носите наоколу со кенгур, а на кратка прошетка можете да отидете со него во прегратка.
Сакате ли да уживате во насмевката на доенчето?
Тој прекрасен звук ќе го измамите со нежно скокоткање или дување на стомачето. Забавувајте го со пеење, музика и игра или со читање на сликовница. развеселете го со покажување на различни предмети и играчки. Вистинско време за забава е и времето за бањање. Тогаш оставете го да шлапка и удира со ножињата.
Соодветни играчки
Доенчето во овој период почнува само да ги зема играчките. Сака шарени играчки, а посебно такви кои при допир предизвикуваат звукови. Изберете ѕвечалки и играчки со контрастни бои. Погрижете се да бидат од различен материјал, што ќе го изостри сетилото за допир на доенчето. Понудете му сигурни играчки кои може да ги гризе и слободно да ги истражува.
Внимавајте играчките да бидат што почисти. Мораат да бидат сигурни, без мали делчиња кои можат да се извадат или откинат (постои опасност од гушење и голтање), без остри рабови и направени од безбеден материјал.
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Си играме
Претходен период: Возраст 3 месеци
Следен период: Возраст 5 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Во која недела најчесто се случува спонтан абортус?
Спонтаниот абортус најчесто се случува во раната бременост, особено во...
Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Прво шишање, први чевлички, прва четка за заби
Првите „мали“ моменти во животот на детето често носат големи прашања ...
Хидратација во бременост. Колку вода е доволно?
Во текот на бременоста, потребата за течности се зголемува бидејќи тел...
Спортот и плодноста, умереностa е важна
Физичката активност е еден од најважните столбови на здравиот живот, н...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)