Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Можеби вие никогаш не сте се нашле во слична ситуација, не сте од оние кои на прва коментираат или пак поминал долг период од вашето породување. Но вашата пријателка е тукушто породена така да внимавајте да не ја налутите и повредите.
Ако немате нешто убаво и паметно да кажете подобро молчете. Ако не сте сигурни дали тоа што ќе го кажете е добро или лошо подобро не го кажувајте. Ова се неколку работи кои не смеете да ги кажете на родилките.
1. Зар и по раѓањето стомакот останува толкав?
Не се сите жени како познатите личности да можат да живеат со чили пиперки и вода со лимон и четири дена по раѓањето да ја вратат титулата на секс симбол. На некои им треба подолг временски период нивното тело да се врати во форма блиску до претходната или пак да се ослободат од наслагите.
2. Бебето плаче! Сигурно е гладно.
Со овој заклучок ја повредувате мајката, затоа што така се добива впечаток дека таа го изгладнува детето и дека незнае кога е време да го нахрани. Почекајте со коментарот, можеби бебето има грчеви, можеби сака цуцла или пак сува пелена. Не потценувајте го заморот на мајката која не спиела ни еден час во последните неколку денови на која и сама и доаѓа да заплаче.
3. Бебето е толку убаво! Воопшто не личи на вас!
По таков заклучок надевајте се само да не не бидете експресно испратени низ влезната вратата, а само што сте дошле во посета.
4. Толку е сладок/ка.
Иако новороденото девојче може и нема толку бујна коса, мајката не сака кога нивното девојче ќе го заменат со него. Тоа што нема долга коса не треба да претставува заблуда дека тоа е момче.
5. Нели е време да го одвикнеш од цуцлата?
Секој слободен момент мајката го поминува скриена во орманот и го листа прирачникот за совети, како би ја постигнала целта, детето брзо или кога ќе биде време да се одвикне од цуцлата. Не заборавајте дека цуцлата има смирувачки ефект врз бебињата. Покрај тоа помага во спречување на синдром на ненајдена смрт кај новороденчињата.
6. Детето е буцкасто!
Мајките се свесни дека нивното бебе е буцкасто. Единствeна работа на новороденчето е да јаде. Посебно треба да се внимава ако бебето е девојче. Имено, на женскиот пол макар биле стари и неколку саати не им се допаѓа да слушнат дека се дебели.
4
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...
Зошто е важен редовниот појадок?
Појадокот е првиот оброк во денот и може да биде одличен начин да му о...
Како да ја подобрите циркулацијата на крвта?
Студени раце и стапала, чувство на тежина во нозете или замор по долго...