|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да се заштитите од мали сипаници - Морбили?

Редакција Рингераја, 24.10.2017
Алармантна ситуација со заразното заболување Морбили кај нас во Македонија, поготово во последниве неколку години. Оваа тема заслужува и објаснување што се Морбилите и зошто така брзо се појавија во Македонија

image
/11



Болеста клинички се манифестира со општа слабост, малаксаност, треска, воспалителни промени во конјунктивата на слузницата на дишните органи и појава на осип на кожата кој постепено се проширува на кожата на лицето и вратот а потоа и трупот и екстремитетите. Инкубација со мали сипаници е кратка и изнесува 10-11 дена и нема симптоми, но во последната третина од периодот на инкубација, пациентот е контагиозен. Клиничката слика на болеста тече низ три фази, а во некои случаи може да биде усложнета и се јавуваат компликации како што се воспаление на белите дробови и мозокот.

Дијагнозата на морбилите се базира на клиничката слика и откривањето на антитела во крвта. Не постои специфична морбилна терапија. Нејзиниот изглед и компликации може да се спречат со вакцинација на деца на возраст од дванаесеттиот месец, благодарение на кои голем број на случаи од минатото значително се намалени. Во повеќето земји, болеста е предмет на задолжително пријавување.Така е со сите вирусни епидемии! Постојат “мини” жариштата кои се брзо и лесно активирани, бидејќи вирусот на мали сипаници многу лесно може да се пренесува и да се шири многу брзо. Инкубацијата е кратка, а едно болно дете или возрасно лице може да инфицира сè околу него ,се разбира само оние кои не биле вакцинирани.

Зошто се појавуваат морбили, иако има вакцина?

Едноставен одговор: бидејќи има родители кои не сакаат нивните деца да бидат вакцинирани! Неверојатно, но точно! Во последниве години се јавија толку антивакцинациски пропагандисти кои доведоа да родителите имаат страв од вакцинација на своите деца. Се разбира дека тоа анатемизирање на овој процес доведе да Македонија биде вратена наназад во времето место да одиме напред. Но според сето онаа што го докажаа светските студии воопшто нема никаква потреба од стравување од вакцинацискиот процес.

Сето тоа е тотална заблуда и медицинска невистина дека вакцината има врска со аутизмот! Тоа долго време беше негирано и поради ова тврдење беа направени голем број на независни истражувања кои покажаа дека оваа вакцина е безбедна и нејзина вакцинација се спроведува со децении во речиси сите земји во светот!

Како се препознаваат сипаниците?

До пред неколку децении, ова беше многу распространета заразна болест, но сега ретко се гледа. Високата температура, карактеристичниот осип на кожата и карактеристичниот израз на лицето на детето како пластична маска  брзо доведуваат до дијагноза. Нормална е консултација со инфектолог и доколку се потребни додатни испитувања, но сепак искуството кажува и обично ја потврдува дијагнозата.

Дали има лекови?

Не!

За морбилниот вирус нема терапија, па детето мора само да се справи со болеста. Се разбира, се даваат лекови за намалување на температурата, соодветна исхрана и многу течности, течна пудра  и тоа е тоа!


Може ли да има компликации?

За жал, компликациите не се невообичаени и можат сериозно да го загрозат детето, но исто така и возрасните. Обично ова се респираторни компликации вклучувајќи и воспаление на белите дробови, но исто така може да се појави дијареа. Ретко се јавува енцефалитис воспаление на мозокот што е многу тешко за лекување.


Како да го спречите појавувањето на морбилите?

Лесно – со вакцина! Тоа е комбинирана вакцина која во себе содржи ослабени вируси на големи сипаници, рубеола и заушки-паротит. Тие се даваат во две дози – првата во втората година, а втората пред поаѓањето на училиште (во некои земји има различно распоред, но бара две дози)

Ако вакцината се дава во првата година (6-11 месеци) потребно е да се дадат уште две дози по првиот роденден, со простор од најмалку 4 недели! Ова се прави при епидемија и овие итни мерки се превземаат вклучувајќи и вакцинирање на деца во втората половина од првата година од животот. Затоа ние педијатрите апелираме да си ги вакцинираат децата тоа е за добро на целото општество.

Д.р Ангелчо Андоновски

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Жените го враќаат сексипилот 409 дена по п...
Во просек 409 дена се потребни за да можат жените после раѓањето да се чувствуваат посакувано и да ја вратат социјалната...
4
Интервју со Александар Белов
Ексклузивно за Рингераја! Нашата nadica разговараше со Александар Белов.
3
Кога е време за логопед?
“Моето дете не зборува” “Сеуште не изговара Р, а има 3 години” “Почна да пелтечи” “Моето дете погрешно чита” Помош?
3
Како дојдов на овој свет?!
Оваа книга ја сакаат и мама и тато и бато и дада и баба и дедо. Оваа книга ја напишавме бидејќи мислевме дека сакаш да д...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?