|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мајчиниот глас како лек

Редакција Рингераја, 1.8.2012
Истражувачите од Универзитетот во Висконсин го потврдиле благотворното дејство на мајчиниот глас врз детето

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Стручњаците утврдиле дека мајчиниот глас го смирува детето, му ги намалува евентуалните болки и го охрабрува. Во комбинација со прегратка мајчиниот глас е лековит и има благотворно дејство на емоционалниот и психофизичкиот развој на детето.

Во истражувањето учествувало 61 девојче на возраст од 7-12 години, а целта на испитувањето била да се открие дали мајчиниот глас ќе биде подеднакво утешен како нејзините бакнежи и нејзината прегратка.

Девојчињата биле ставени во стресни ситуации, како што се решавање на математички задачи пред судии. Пред да го направат тестот измерено им е нивото на два многу важни хормони - нивото на кортизол, хормонот на стрес  и нивото на окситоцин, хормонот на љубовта.

Се претпоставувало дека мора да дојде до контакт меѓу мајката и ќерката за да дојде до лачење на окситоцин, но истражувачите сакале да видат што ќе се случи со нивото на хормони откако девојчињата ќе извршат телефонски разговор со мајката.

Кога девојчињата завршиле со решавањето на задачите поделени се на две групи и испратени во две соби.  Во едната соба мајките ги дочекале своите девојчиња со бакнежи и прегратки, а во другата соба девојчињата разговарале по телефон со своите мајки.

Резултатите покажале дека кај девојчињата кои имале физички контакт со мајката пораснало нивото на окситоцин, а опаднало нивото на кортизол. Истражувачите дошле до изненадувачко откритие кога го измериле нивото на окситоцин кај девојчињата кои стапиле во контакт со мајката по телефон. Тие имале исто или приближно исто ниво на окситоцин како девојчињата од другата група.

По ова истражување потврдено е дека мајчиниот глас смирува исто колку и физичкиот контакт.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како дојдов на овој свет?!
Оваа книга ја сакаат и мама и тато и бато и дада и баба и дедо. Оваа книга ја напишавме бидејќи мислевме дека сакаш да д...
7
Големото срце на македонката Флора!
Статија која говори за хуманоста на една македонка, објавена на сајтот Najbolja mama na svetu. Флора навистина го заслуж...
7
Груб моторен развој II
Стандард 2: Детето може да ги контролира деловите од телото
6
Првиот ден во прво одделение
Што е важно да се знае при поаѓањето во прво одделение?
6




Анкета

Kasicki
Goga 27

Kakvi kasicki mu davate na Vaset_o bebe?

Hipp (81%)

Bebevita (8%)

Frutek (8%)

Alete (4%)


Број на сите гласови: 53

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!