vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
#1 Saki Suzuki: Tokyo
За првиот нејзин оброк во денот, 2-годишната Саки јаде ферментирана соја, бел ориз, мишо супа, печена тиква прелиена со соја сос, кисела краставичка, омлет и риба лосос на скара. Нејзината мајка вели дека кога Саки прв пат пробала соја сос, веднаш повратила. Сега тоа и е омилено јадење наутро.

Појадокот на Вив е она за што сонуваат сите деца. Чаша млеко со леб намачкан со путер и што е најважно, слатки струготини. Ги има во повеќе вкусови (чоколадо, ванила, овошје) и во повеќе големини. Холанѓаните најмногу јадат леб прелиен со чоколадо, што е познато и многу вкусно национално јадење.

Дали знаевте дека многу бразилски родители им даваат кафе на децата со појадокот бидејќи тоа е културна традиција? Aricia пие чоколадно млеко, но нејзиниот брат Hakim пие млеко со кафе. Братот и сестрата јадат леб со путер, шунка и кашкавал.

Birta го јаде својот омилен појадок, овесна каша, во која има додадено кафеав шеќер, јаворов сируп, путер, овошје и кисело млеко. Уште поинтересно е што 3-годишното девојче пие по цела лажица рибино масло, кога нема сонце на Исланд и кога нема друг извор на витамин Д. Ако некогаш сте пробале течно рибино масло, ќе знаете колку е тешко за консумирање. Во Исланд децата тоа го пијат уште од 6-месечна возраст.

Phillip и неговата сестра Shelleen го започнуваат денот со слатка пченкарна торта. Појадокот на близнаците исто така вклучува варени компири и црн чај со многу шеќер.

Четврто одделенката јаде кафеав леб со зелени и црни маслинки, Нутела, исечени домати, тврдо варени јајца, џем од јагоди, путер, мед и низа турски сирења: фета сирење, старо кравјо сирење и козјо сирење.

6-годишниот Nathanael во работните денови за појадок јаде киви, леб со путер и џем од капинки. Исто така може да избере меѓу млеко и свежо исцеден сок од портокал. Во викендите јаде кроасани за појадок, а исто така сам знае да подготвува десерти.

4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Планирате бременост? Погледнете ја семејната историја
Планирањето бременост не подразбира само подготовка на телото, туку и ...
Како да препознаете бременост без тест?
Дали постојано сте уморни, чувствувате мачнина или забележувате промен...
Што е замрзнато рамо и како да го препознаете?
Замрзнатото рамо, познато и како адхезивен капсулитис, е состојба при ...
Првите денови од бременоста. Што треба да направите?
Позитивниот тест за бременост е момент што може да го промени целиот в...
Зошто разделбата од семејството може да биде тешка?
Заминувањето од семејниот дом, преселбата во друг град или земја, па д...