|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Паметни играчки според возраста на детето

Редакција Рингераја, 13.12.2019
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разберат светот, да ги научат социјалните и емоционалните вештини и да го стимулираат мозокот во развој

image
/11


Ако некогаш сте се восхитувале на концентрација на лицето на детето кое се обидува да постави квадрат во отворот, или да фати топка во летање, знаете дека времето на игра не е само за забава. Тоа е паметна работа - и играчките се алатки за тоа

Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разберат светот, да ги научат социјалните и емоционалните вештини и да го стимулираат мозокот во развој.

 

Бебиња: Како играат бебињата

Играњето во првата година од животот е играње заради истражување. Бебињата ги користат своите пет сетила за да го научат возбудливиот нов свет околу нив: Дали некој предмет е тежок или лесен? Леплив или груб? Дали произведува звук ако го испуштам? Каков вкус има? Повеќето од игрите се состојат во „дегустација“ на играчките, нивно тресење или испуштање на подот.

 

Кога вашето бебе развива нови моторни вештини, играта станува покоординирана и сложена. На пример:

 

На околу 4 месеци, бебињата почнуваат да посегнуваат по предметите, а обично тоа е тропалка.

До 6 или 7 месеци, тие можат да ја пренесат тропалката од едната во другата рака.

На околу 9 месеци, ново развиената вештиња – лазење им помага на бебињата да дофатат на подот помали предмети, како коцки и други мали играчки што се соодветни на возраста.

За тоа време, играта е обично осамена активност, но играњето рамо до рамо со други бебиња и имитирачките активности се вообичаени до крајот на првата година.

Засега, вие сте омилениот плејмејкер на вашето бебе. Дали некогаш сте го забавувале со кукла пред неговото лице, само за да го натерате да ја зграби и да ја повлече кон устата? Или, дали тоа некогаш воскликнувало од исчекување и воодушевување кога ќе лазите кон него, велејќи: „сега ќе те фатам!“

Овие интеракции му помагаат на вашето бебе да научи за јазикот, социјалните односи и причинско-последичните врски. Откако бебињата ќе почнат да разбираат како работите во околината се поврзани едни со други, каков вкус имаат, како мирисаат и звучат, бебињата се подготвени за следната фаза на развој: да сфатат како тие работат.

 

1

 

Паметни играчки за бебиња (0 години – 1 година)

Висечки играчки над креветчето: Објектите кои танцуваат над главата на бебето додека лежи во креветчето, го стимулираат видот и развиваат распон на внимание.

Огледало. Првично, вашето бебе ќе биде фасцинирано со промена на лицето и изразите што ги гледа во огледалото. Со текот на времето, вашето бебе ќе сфати дека залутаното, насмеано бебе што се движи наоколу, всушност е негов одраз во огледалото. Штом се случи ова, бебињата стануваат свесни за себе, што доведува до поголемо само-откривање бидејќи учат за делови од телото и каде истите се наоѓаат.

Конус за ставање на прстенести играчки. Оваа класична играчка има конус што одговара на отворот на различни прстени во боја. Отпрвин, бебињата уживаат во држењето на прстените во уста. Подоцна, тие учат убави моторни вештини со тоа што ќе ги постават прстените на конусот. Децата, исто така, учат за боите и броевите кога ги броите разнобојните прстени додека ги нарекувате по нивната боја.

Играчки за влечење. Овие играчки помагаат при рамнотежа и развој на мускулатурата и исто така му помагаат на вашето бебе да прооди. Колку повеќе бебињата вршат притисок и влечење, толку повеќе работат мускулите потребни за да ги претворат во тркачи и алпинисти. Подоцна, децата ќе имаат подобри вештини за брзо одење, трчање со зголемена брзина, искачување итн.

 

Деца: Како играат децата? 

Децата стануваат свесни за функцијата на предметите. Тие сакаат да склопуваат коцки, да дуваат и да прават балони, или да пијат од чаша за „големо дете“. Концептот на игри со преправање започнува сега. Вашето малечко девојче може да и пее нешто што наликува на приспивна песна на куклата ноќе во кревет, или да направи звуци „Чуф чуффф“ додека го турка вовчето.

Ова ги поставува основите за играње во предучилишна возраст, кога детето ја разбира функцијата на тајмерот на шпоретот во детската кујна, или на свирката на противпожарниот камион. Тоа му помага на детето да разбере дека секоја алатка служи за некоја цел.

 

Вашето дете, исто така, ќе започне да разликува бои и форми. Затоа изберете играчки кои се светли, шарени и забавни и мали за да може да се држат во рацете. На возраст од 2 години, повеќето мали деца можат да удрат топка, да шкртаат со креда и да градат кули високи четири или повеќе спратови. На 3-годишна возраст, тие можат да решат едноставни загатки и да возат велосипед на три тркала.

 

Очекувајте да видите многу повторувања, но тоа е бидејќи децата совладуваат нови вештини и учат дека имаат одредена контрола над светот околу нив.

 

2

 

Паметни играчки за деца (1 година – 3 години)

Топки. Без разлика дали се отскокнати, се тркалаат, дали детето ги држи во рака или ги фрла, топките ги развиваат скоро сите моторни вештини, координација на рака и око и умешност.

Играчки за сортирање по облик. Сложувалки од хартија и дрво, коцки и кофи со дупки за различни блокови во форма, предизвикуваат координација на рака и око и вештини за решавање проблеми.

Механички играчки. Играчките што имаат повеќе копчиња, кои со помош на батерија имитираат звуци, движење  или летање, развиваат убави моторни вештини и решавање на проблеми и ги учат причинско-последичните ефекти.

Играчки за улоги. Детски кујни, докторски сет и комплети за голф им помагаат на децата да научат како да го опишат светот со имитирање на вашите постапки и постапките на другите влијателни возрасни. Кукли и полнети играчки со изглед и форма на животни поттикнуваат играње и им помагаат на децата да развијат социјални и емотивни вештини и да се грижат за нешто што го сакаат.

 

Предучилишни деца: Како играат децата?

Бебињата истражуваат предмети со пет сетила. Децата почнуваат да сфаќаат како играчките работат. Сега, како предучилишни деца, тие ќе ги користат играчките и другите предмети за нивната намена, но сепак за нив ќе замислат свет на други можности. Кебе фрлено на масата за кафе станува таен клуб. Моделирање на глина може да се користи за да се направат пити од пица што сте побарале да ги „вкусите“.

 

За предучилишнате деца, светот станува магично место без граници - а предучилишните деца се мајстори и креатори на сето тоа. Многу деца од оваа возраст мислат дека имаат магични сили и можат да се борат со „чудовишта“ и да победат, или да се претворат во принцеза, самовила или друго чудесно суштество.

 

Честопати, вашето претшколско дете ќе ве повлече во фантазија и очекува да играте заедно. Исто така, во ова време, можат „да се појават“ имагинарни пријатели. Овој вид фантазија е клучна за развојот на децата затоа што им помага да работат на своите стравови, анксиозности, надежи и соништа.

 

Детето на оваа возраст исто така влегува во фаза, во која ќе слушнете многупати „мамо, тато, гледај!“ со оглед на тоа што вашето дете учи еден нов трик по друг и бара ваше одобрување и поддршка за новите достигнувања. 

Игрите со преправање стануваат подетални. Детското знаење за светот е понапредно, затоа немојте да се изненадите ако вашето дете точно знае како работат електронските гаџети или електричните играчки (како радио контролиран автомобил или видео игра).

 

Самата игра станува се повеќе физичка. Зошто само да оди, кога ќе може да трча, да скока или да прескокнува?

 

3

 

Паметни играчки за деца од предучилишна возраст (3 години – 5 години)

Уметност и занаетчиство. Како што се подобруваат моторните вештини, вештините како држење на креда, цртање слики на членови на семејството, употреба на ножички, сечење и лепење, ја зајакнуваат координацијата, ја поттикнуваат креативноста и ја поттикнуваат самодовербата.

Блокови и градежни комплети. Градењето кула (и да сфатите како да се спречи кулата да се урне) ги охрабрува вештините за решавање проблеми и координација на раката и окото. Предучилишните деца ја користат својата имагинација за да создадат згради, возила, животни и многу повеќе од едноставни градежни комплети.

Загатки со сложувалки помагаат при координација и умешност, и учат за просторните односи и логичкото размислување.

 

Големи деца: Како играат?

Децата од основно училиште се остваруваат на начин на кој досега не се оствариле. Тие го разбираат светот околу нив и сега се придвижуваат кон мастеринг вештини што некогаш ги замислувале, како играње фудбал или плетење коса на својата другарка.

 

Ова е, исто така момент, кога талентите и интересите се надградуваат - 4-годишник кој уживаше во слушање приказни може да обожава да чита; 5-годишник кој слушаше музика можеби ќе сака да свири пијано.

 

Физичките способности, како што се големи и фини моторни вештини, се надградуваат. Децата учат да возат велосипед со две тркала и се лизгаат на скејтборд. Уметноста и занаетчиството стануваат покомплексни, а детето може да поминува часови на плетење белегзии за другарите или да црта сликовници.

 

Врските со врсниците добиваат поголема важност, а вашето дете можеби е повеќе заинтересирано да игра со соучениците отколку со вас. Но запомнете дека дури и кога вашето дете ќе созрее, вие сè уште сте најважниот плејмејкер.

 

И сега е време да пробате нови авантури, како што се возење велосипед, што децата не можеа да ги направат кога беа помали и им треба вашиот надзор да го направат тоа безбедно сега.

 

3

 

Паметни играчки за големи деца (6 години - 10 години)

Скокање на јаже. При играта на прескокнување јаже со другарите, децата учат да координираат вртење и скокање и да се дружат со врсниците. Сето тоа скокање и вртење бара координација и поттикнува развој на моторни вештини за решавање проблеми.

Игри со карти и табли. Игри со карти како „војна“ или „пасијанс“ и игри  како монополи или не лути се човеку ги учат децата на градење стратегија, правила за преговори и фер игра. Охрабрете ја соработката и помогнете му на вашето дете да научи да управува со емоциите што доаѓаат со победата, како и со губењето.

Музички инструменти. Учењето на детето да свири пијано, виолина, гитара или друг инструмент поттикнува слушање и фини моторни вештини и помага да се изградат вештините за внимание.

Научни играчки. Комплетите за хемија, двогледи, телескопи или други играчки кои промовираат откритие и решавање проблеми, помагаат во подобрување на вештините по математика и наука и помагаат во развој на имагинацијата.

Совршената играчка игра: Вие

Не ја потценувајте вашата улога. На крајот на краиштата, вие сте таа личност која го постави возот, го  вклучи и го охрабри бебето да го следи. Вие сте тие кои што му покажавте на вашето бебе како да ги реди коцките. И, кога седите рамо до рамо со вашите деца и сликате, боите или читате приказна, ќе им дадете внимание што им е потребно за да ја градат својата самодоверба и да се чувствуваат сакани и безбедни.

 

Играчките се алатка за да им помогнат на децата да се развиваат, но родителите се клучни во развојот на децата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Груб моторен развој I
Стандард 1 : Детето може да ја одржува рамнотежата на телото
3
Десетте најнезгодни детски прашања
Прашањата се движат од наједноставни – “Дали ајкулата би можела да победи диносаурус?” преку проблематични “Зошто е небо...
3
Детето е човек во облека на дете!
„Децa има разни, но секое дете е личност, разликите не се казна, во разликите е нашата сличност.“
3
Како да ги заштитите децата од ликот Момо?
Откако повторно се крена прашина околу морничавото суштество Момо, кое ги тера дечињата да прават работи кои може да им ...
3




Анкета

Фудбал. За кого навивате на ЕП 2024?
пеперутка16

За кого навивате на ЕП 2024?