Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Репродукциската способност е еден од најважните механизми кои го поседуваат луѓето. Со отсуство на еден од најважните механизми, некои од нас сметаат дека имаат многу голем недостаток. Доколку парот кој сака да има деца не успее во тоа и после една година незаштитени односи, се јавува сомневање дека имаат проблем со плодноста.
Всушност, самиот факт дека и по една година не можете да забремените, е добра причина да посетите доктор. Повеќето причини за неплодноста во медецината се сепак познати. Накратко ќе ви ги кажеме причините за стерилитетот кај мажот и жената.
Причини за женскиот стерилитет
Ендометриоза – е сосотојба што го карактеризира растењето на ендометриското ткиво над матката (на јајцеводите, јајниците или други органи). Ендометриското ткиво се излачува од телото на жената за време на месечниот циклус, но во случаи кога ќе се појави надвор од матката, настануваат компликации.
Проблеми со овулација – оваа состојба се јавува поради одредени абнормалности при испуштање на хормоните кои го поттикнуваат пуштањето на зрелите јајце клетки од овариумот.
Лош квалитет на јајце клетките – слаби или оштетени јајце клетки обично се знак за лош квалитет. Годините се главна причина, бидејќи со стареење на жената, стареат и нејзините јајце клетки. Жените се најплодни во периодот меѓу 20 и 30 години од животот. Со стареењето се намалува и плодноста. Така на возраст од 35 до 39 години, се јавува стерилитет кај 20% од случаите, а значајно опаѓа по 40 тата година. Оваа ситуација со време доведува до менопауза.
Синдром на полицистични јајници – формацијата на мали цисти во јајниците , може да биде резултат на нередовните овулации или хормонална нерамнотежа.
Блокада на јајцеводите – еднаш кога ќе се блокира преминот на јајце клетките кон матката, или спермата кон јајниците, многу е мала веројатноста за зачнување, бидејќи двете клетки не можат да се соединат. Причини за оваа состојба може да биде воспаление или некои облици на полово преносливи болести.
Причини за машкиот стерилитет
Блокада на семеноводите – може да се појави во епидидимусот или вашиот деференс, и едното и другото се канали низ кои поминува спермата. Главната причина за појава на блокада се сексуално преносливите болести или инфекции.
Проблематична сперма – ова може да биде поради отсуство на сперма до сосема мал број сперматозоиди, слаб квалитет на сперматозоидите или нивна деформација.
Имунолошки причини – ова може да биде како последица на имунолошкиот состав на било кој феномен. Автоантитела можат да се најдат по вирусна инфекција или операција во делот на тестисите. Кај мажите ова често се јавува по васектомија, метод на контрацепција.
Останати оштетувања на половите жлезди – постојат многу причини кои доведуваат до оштетување на половите жлезди, како зрачење, делување на најразлични лекови, отрови, контакт со несакани хемикалии, пушење, алкохол и слично.
Комбинација од женски и машки фактори
Ова се јавува кога и двајцата партнери ќе покажат состојба која може да се идентификува како причина за неплодност.
Необјаснета неплодност
Ова е најверојатно збир од сите причини кога докторите не можат да пронајдат нешто конкретно, откако го проучиле случајот.
6
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Граници, заштитна мрежа на женското ментално здравје
Жените често се учат да бидат полни со разбирање, достапни и силни и с...
Што навистина НЕ ви треба за бебето?
Пред доаѓањето на бебето, листите со „мора да имаш“ изгледаат бескрајн...
Што е плодност и како функционира телото?
Плодноста е способноста на човекот да создаде потомство. Кај жените, т...
Работи што би сакала да ги знаев пред породување
Породувањето е едно од најмоќните и најинтензивните искуства во живото...
Хормонски промени кои настануваат при доење
Доењето не е само активност преку која се овозможува исхрана за бебето...