|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Детето не сака да оди на училиште?

Редакција Рингераја, 31.8.2018
Одењето во училиште обично е возбудлива и пријатна активност кога децата се мали, но некои од нив можеби имаат зголемен страв или паника. Како треба да ја следите емоционалната состојба на своите деца?

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Неподготвеноста на децата да одат на училиште може да се појави во секој момент, но ова често се случува помеѓу 5-7 и 11-14 години – време во кое детето треба да се справи со новите промени од основното училиште. Децата можат да развијат парализиран страв од напуштање на безбедниот дом и грижата на родителите. Многу е тешко родителите да се справат со паниката во детството и одбивањето на детето да оди на училиште, но овие стравови и однесувања можат успешно да се третираат со стручна помош.

 

Одбивањето за одење на училиште често следи по летниот распуст, во кој децата стануваат многу приврзани кон своите родители, или по прележана болест. Ваквото однесување исто така може да е последица на стресна ситуација, како смрт на домашно милениче или роднина, замена на училиштето, или промена на населеното место.

 

Работите може да се усложнат и детето да започне да добива главоболка, болки во грлото, стомачни болки, токму пред времето за поаѓање на училиште. Аспектот на болеста му овозможува на детето да остане дома и истото да го повтори следното утро. Во некои случаи, детето едноставно може да одбие да ја напушти куќата. Бидејќи паниката доаѓа од напуштањето на домот, а не од самото училиште, често децата се смируваат веднаш откако ќе им завршат часовите во училиште.

 

 Деца со неразумен страв од училиште можат:

 

• да се чувствуваат несигурни да останат сами во собата

 

• да се држат до своите родители

 

• да изразуваат прекумерна вознемиреност и страв за своите родители или да предизвикаат штета за себе

 

• да спијат тешко

 

 • да имаат кошмари

 

• да имаат фобии од инсекти, да се плашат од чудовишта и крадци

 

• да ги иритира мракот

 

Ваквите симптоми и однесување се чести кај децата со нарушување и вознемиреност од одвојувањето. Потенцијалните долгорочни ефекти (панично растројство и анксиозност кај возрасните) се сериозни за детето кое има постојани грижи и не добива стручна помош. Детето, исто така, може да има сериозни социјални проблеми и проблеми со учењето ако неговите стравови и нервоза го оддалечуваат од училиште и неговите пријатели долго време.

 

Кога стравот продолжува, родителите и децата треба да побараат професионална помош.

Прекумерните стравови и паника на детето да го напушти домот или родителите и да оди на училиште, можат да бидат успешно третирани.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да ги научиме децата на прифаќање на ...
Во светот во кој растат денешните деца, различностите се дел од секојдневието.
4
Мама и тато на продажба
Поучна приказна за секој родител!
4
Како да бидете родител кој секој го сака?
Нема шанси! Без оглед каков и да сте родител, нема да бидете добри за никого. Веднаш престанете да се обидувате да им уг...
4
Ангелот на едно дете
Си беше еднаш едно дете кое се подготвуваше да дојде на свет...
4




Анкета

maticn kletki
maja jovanoska



(84%)

(16%)


Број на сите гласови: 67

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!