Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Колку сум вешто!
Кога доенчето лежи на стомак толку е вешто што може да се заврти и да погледне наназад. Некои можат во таа положба да посегнат по играчката. Тоа го прават потпирајќи се на другата рака. Можат да се вртат и во двата правци.
Додека лежи на грб бебето ги подига рацете и нозете и си игра со нив. Се тегне и ги дава рачињата да му помогнеме да се исправи во седечка положба. Со шест и пол месеци повеќето доенчиња се способни да седат самостојно. Во почетокот се потпираат со рацете на тлото, а пред крајот на месецот си играат во седечка положба без потпора. Самостојното седење е предуслов за лазење. Повеќето бебиња почнуваат да лазат меѓу седмиот и десеттиот месец и прво лазат наназад. Некои деца лазат на свој начин (се лизгаат по подот, ползат како црвчиња...), а некои воопшто не лазат (иако во почетокот ни се чини дека ќе почнат)
Кога го држиме исправено, детето стои со нозете на подлогата (пазете затоа што неговата тежина мора Вие да ја носите), при што ритмички ги грчи колената (како да потскокнува). Често со едната нога гази на другата.
Активно и со цел посегнува по играчките и по другите предмети. Работите ги фаќа со две раце, ги префрла од една во друга рака и ги истражува со устата. Притоа е се посигурно, па некои предмети не ги фаќа со цела дланка, туку со палецот, показалецот и средниот прст. Има и обиди за самостојно држење и пиење од шишенцето.
Кога доенчето ќе почне да се придвижува треба да му обезбедите сигурна околина за истражување на своите вештини, како што се седење, тркалање и лазење. Тоа може да биде посебен дел во собата за него, или подлога на подот.
Доенчето сега има јасен и остар вид, добро распознава длабочина, а трепкањето е минато.
Поврзаност со најблиските
Доенчето до шестиот месец многу силно се приврзува за луѓето кои се грижат за него. Во повеќето случаи тоа се родителите, а посебно мајката. Таа поврзаност му дава чувство на сигурност, што е посебно важно кога детето ќе почне да го истражува просторот. Од друга страна пак, заради поврзаноста со најблиските може да покажува страв пред непознати, понекогаш дури и пред бабата, дедото, или другите познати лица. Сфатете дека тоа е потполно нормално за овој период и дека доенчето така го учи животот. Притоа не грижете се, затоа што наскоро ќе им верува на бабата и дедото, па ќе можете без потешкотии да им го доверите на чување. Верувајте дека сите тројца ќе уживаат во тоа.
Детско брборење
Доенчето се повеќе брбори, ја испробува различната висина на гласовите, покрај самогласките употребува и согласки. Се повеќе посветува внимание на говорот на возрасните и веќе е способно да ги имитира познатите звуци од околината. На познат глас и насмевка се огласува со насмевка и брборење. Ве развеселува со гласна насмевка и врескање. Повеќето бебиња веќе го знаат своето име и се огласуваат кога ќе го изговорите. Разликува познати од непознати гласови.
Развојот на говор кај детето многу зависи од времето кое му го посветувате и од општата атмосфера во семејството. Доенчињата на кои родителите им посветуваат повеќе внимание и повеќе им зборуваат, се позборлести.
Моето доенче
Развојни фази
Воведување на дохрана
Здравје и нега
Спиење
Мама и тато
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Воведување на дохрана
Здравје и нега
Спиење
Мама и тато
Си играме
Претходен период: Возраст 5 месеци
Следен период: Возраст 7 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се намали стресот при планирање бременост?
Дали чувствувате притисок секој месец додека чекате позитивен тест?Зна...
Кога чудата бараат мала помош, патот до забременување
Чудата некогаш бараат малку помош, особено кога станува збор за забрем...
Практични совети за полесни денови со новороденче
Доаѓањето на новороденче во домот носи огромна радост, но и многу нови...
Основни чекори во секојдневната хигиена на бебето
Секојдневната хигиена е важен дел од грижата за новороденчето и малото...
Сe што треба да знаете за правилно менување пелени
Менувањето пелени е една од најчестите, но и најважните рутини во гриж...
Дете.
пеперутка16
Дали некогаш ви се случило возрасен, близок или не, да го удри вашето дете во ваше присуство и како реагиравте?