Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Систематски преглед и вакцинација
Во овој месец ќе биде третиот систематски преглед на детето, кој ќе ви биде закажан на претходниот преглед. Покрај прегледот и советувањата, на кои веќе се навикнавте, ќе направите и преглед на крвта и урината. По прегледот доенчето ќе прими трета доза на вакцина за жолтица Тип Б. Во истиот месец доенчето прима трета доза од вакцината против дифтерија, тетанус и пертусис, детска парализа и ХИБ тип Б. Во Македонија е задолжителна вакцинација против дифтерија, тетанус и пертусис, детска парализа и ХИБ тип Б, вакцинација против мали сипаници и заушки и рубеола, против жолтица тип Б и туберкулоза. Погледајте го Календарот за вакцинација на Рингераја
Целта на систематскиот преглед е следење на растот и развојот, утврдување на физичкото и духовното здравје со цел навремено да се откријат болести и потешкотии. На тој начин може рано да се делува, лечи и рехабилитира. Со прегледите исто така може да се откријат неповолни социјални фактори или негативни навики во семејствата или околината во која детето живее. Во претшколскиот период прегледите се на 1, 3, 6, 9 и 12 месеци и во 3. и 5. година.
Запчиња, каде сте?
Првите млечни заби обично почнуваат да растат помеѓу 6-9 месец старост. Отстапувањатаод 4 месеци над и под границата не значат ништо посебно. Обично на девојчињата побрзо им растат заби, отколку на момчињата.
Обично прво никнуваат долните два секачи, после горните четири секачи и на крај долните странични секачи. Не е ништо необично ако на пр. горните странични секачи никнат пред средните.
Нега на детските заби
Со здрава исхрана хигиената на устата до 3. година е наменета за запознавање на детето, за да може подоцна да стане дел од секојдневниот ритам. Забите почнуваме да ги чистиме веднаш штом ќе пораснат. На почетокот можеме да користите мека крпа или газа која ќе ја потопиме во вода и ќе ја намотаме околу прстот, или можеме да користите специјален гумен напрсток. Покасно, кога на детето ќе му пораснат првите катници, почнуваме да користиме четка за заби. При изборот на четка за заби погледнете го упатството на производителот, или посоветувајте се со стоматолог. Забите немојте да ги миете со сила, затоа што може да се развие отпор кај детето. Миењето нека биде низ игра, така што детето ќе започне, а родителот ќе доврши.
Моето доенче
Развојни фази
Воведување на дохрана
Здравје и нега
Спиење
Мама и тато
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Воведување на дохрана
Здравје и нега
Спиење
Мама и тато
Си играме
Претходен период: Возраст 5 месеци
Следен период: Возраст 7 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Малите победи што значат сe во процесот на IVF
Патот кон родителство преку ин витро оплодување ретко е едноставен. То...
Кога бременоста не е „само нормална“?
Бременоста е природен и неверојатен процес, но тоа не значи дека секој...
Како изгледа првиот преглед кај специјалист за плодност
Првиот преглед кај специјалист за плодност не е само медицинска процед...
Што да јадете, а што да избегнувате во бременост?
Бременоста е период кога исхраната има директно влијание врз здравјето...
Намирници кои можат да предизвикаат колики кај бебето
Коликите кај бебињата се еден од најчестите предизвици во првите месец...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?