Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Игрите и дружењето со детето нека бидат наменети за забава, а не обид за забрзување на развојот на доенчето. Знајте дека секое дете е индивидуа и дека децата никогаш не се развиваат потполно еднакво. Кај некое е побрз моторичкиот развој, а кај други развој на говорот и други социјални вештини.
Мамичке и тато, да заиграме!
Сега, кога доенчето е моторички поспособно, одговара со движења на музика – игра. Помогнете му да го почувствува ритамот, заиграјте и Вие со него за Вашата омилена музика или ставете ЦД со омилените детски песнички, кои имаат поизразен ритам. Во тој период доенчето само произведува звуци, со играчките и другите предмети. Предметите ги треси, ги префрла од една во друга рака, удира предмет од предмет, или ги фрла на подот. На тој начин ги запознава предметите и учи за причинско – последичните врски (за тоа е потребно долготрајно повторување).
Курсеви по пливање на доенчиња
Во многу градови се одржуваат организирани курсеви по пливање за доенчиња (според Фројдовиот метод на учење). Во суштина, тоа не е учење за правилно пливање, туку запознавање со водата и движењата во неа. Доенчето низ игра се запознава со водата и ужива во неа. Овие вежби не се препорачливи пред 4. месеци старост. Потребно е да причекате детето да воспостави имунитет и да ги прими првите дози на задолжителните вакцини. Препорачливо е да се започне со вежбање во вода пред детето да прооди, затоа што дотогаш не прави покрети на одење во водата, туку само се оттурнува со ножињата. Поентата на курсевите за пливање е баш во оттурнувањето на ножињата и самостојното одржување на вода. Притоа помага црвениот Фројдов колут, кој на почетокот ги ограничува движењата со раце и се фокусира на движењата со нозе. Бидете внимателни ако кај Вашето доенче забележувате претерано истегнување на грбот и главата. Во тој случај избегнувајте пливање, затоа што пливањето го поттикнува истегнувањето. Со тоа одредена група на мускули премногу се развива и детето стекнува погрешни навики за движење.
Моето доенче
Развојни фази
Воведување на дохрана
Здравје и нега
Спиење
Мама и тато
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Воведување на дохрана
Здравје и нега
Спиење
Мама и тато
Си играме
Претходен период: Возраст 5 месеци
Следен период: Возраст 7 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Малку по малку, животот се менува
Има нешто што сите го знаеме, а понекогаш го забораваме, па се разочар...
Тестот за бременост е обично првиот чекор кога постои сомневање дека м...
Магичниот момент кога бебето „се јавува“ од стомакот
Првото движење на бебето во стомакот на мајктаа е еден од најемотивнит...
Што прави твоето бебе во стомакот?
Кога го очекуваш своето бебе, често се прашуваш што точно се случува т...
Секојдневното изложување на загаден воздух е сериозна закана за здравј...