Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Дали некогаш сте биле баш тој родител во парк чии деца не престануваат да вриштат и колку и да се трудите да ги смирите не ви успева?
Ако некогаш сте примиле осудувачки погледи од другите мајки и татковци чии деца седат мирно, јадејќи го своето парче зеленчук на ќебенцето за пикник, тогаш сигурно сте почувствувале дека сте најлош родител на светот.
Блогерката Sarah Turner (a.k.a. The Unmumsy Mum) која живее во Девон со сопругот и двајцата синови, даде свој придонес за да ги охрабри мајките кои се почувствувале така.
Кога Сара здогледа жена во паркот, која изгледала прилично нервозно за начинот на кој таа и нејзините немирни деца биле набљудувани од страна на другите родители, таа напиша отворено писмо во нејзин стил, кое е преслатко.
Драга мајко во црвеното палто,
Ти сигурно не се сеќаваш на мене. Те видов во паркот во дождливото попладне минатата недела. Ми беше непријатно да гледам во тебе бидејќи знаев дека имаш одвратен ден. Всушност, изгледаше мизерно.
Твоите деца толку многу збеснаа и вриштеа, што почна да се прашуваш во што се претвори твојот живот. Го прочитав тоа од изразот на твоето лице. Знам и јас така сум се чувствувала.
Детето сигурно те извади од кожа кога ги соблече двете чевли и газеше во калта, се качи на скалите највисоко што може, ги исфрли чевлите во најголемата бара и одбиваше да се симне од скалите. Тука беше и твоето бебе кое, за име на Бога, не престануваше да плаче.
Сакав да кажам нешто.
Сакав да ти кажам дека навистина нема потреба да се срамиш. Твоите деца навистина беа ужасни. Но тоа не е рефлексија на твоето родителство, ниту пак на тебе.
Те разбирам. Совршено. Јас не сум експерт по родителство, но убедена сум дека децата понекогаш се ужасни. Понекогаш тоа трае цел ден, со денови. Понекогаш може и да сакате да побегнете од нив.
Ти правиш се најдобро, го правиш и невозможното, а тоа попладне во паркот беше навистина невозможно. Налути се заради тоа и нацртај линија преку која не може да се преминува.
Прошетката во парк пропадна. Па што?
Стисни ги палците и речи: Носи се сабото! Утре е нов ден. Секако твоите деца може да бидат и полоши од денес, а може и не.
Бидејќи нечии деца во паркот мора да бидат најнемирни и најгласни. Законот на еднаквоста одлучи тоа денес да бидат твоите деца.
Следниот пат кога некоја мајка ќе искоментира грубо, кога твоите деца ќе имаат тантрум во јавност, помисли дека таа може да биде следна и сочувствувај со неа.
Таа само си дава простор за оддишка, што овојпат не е таа. Бидејќи и таа исто така има бебе кое повремено сака да лежи на тротоарот.
Прекрасно палто, by the way.
Со најдобри желби,
Unmumsy Mom, живеејќи во надеж дека другите мајки ќе возвратат на вакви настани со разбирање, знак на сочуство и помош.
забава Бремените
Автор: bobik
Среќата живее во она што го имаш
Во секојдневието често трчаме по она што ни недостига, по следниот усп...
Педикирот не е само естетска навика, туку и важен дел од хигиената и з...
Биди најдобриот пријател на себеси
Колку често им кажуваме убави зборови на другите, а колку ретко си ги ...
Тонус на мускулите кај бебињата
Тонусот на мускулите е еден од првите показатели за здрав развој на бе...
Најефективни вежби за топење на мастите на стомакот
Стомакот е дел од телото од кој најчесто не сме задоволни и ја буди на...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?