Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Омилени игри
Гласна смеа кај доенчето може да предизвикате со нежно скокоткање или дување во стомачето. Можете да си играте и “Буба буба - ѕе”. При повторување на игрите доенчето ќе знае што може да очекува и затоа ќе ужива уште повеќе.
Во тој период доенчето сака да го истражува своето тело и си игра со своите прстиња. Со радост го истражува Вашето лице, ги допира Вашите усни, нос, веѓи и коса. Се радува кога Ве допира.
Се повеќе го воодушевува посматрање на својот одраз во огледалото, иако сеуште не сфаќа дека тоа е неговиот одраз (повеќето тоа го учат при крајот на првата година)
Повеќето доенчиња се воодушевуваат од бучни игри. Развеселете го доенчето и придружете му се – заедно тропајте на тенџерињата со голема лажица и капак. Заиграјте на различен вид на музика, или приближете му го животинскиот свет со имитирање на гласот на животните.
Шлапкање во кадичката
Привикнувањето на доенчето во вода нека почне во вашата када. Покажете му колку е пријатна играта во вода и како Вие уживате во водата. Дозволете му да прска вода насекаде и притоа внимавајте да не правите ништо на сила. Вежбањето во вода со игра и дружење поволно ќе влијае на растот и развојот на детето. Тоа ќе овозможи урамнотежен психосоцијален и моторички развој.
Треба да знаете дека доенчето побрзо ја губи топлината од возрасните и затоа не смее да биде во вода подолго од 20 минути. По капењето потребно е да го избришете и завиткате во сува крпа.
Се подразбира дека доенчето не треба да го бањате во базен ако е болно или има повишена температура, а препорачливо е и после вакцинирање да почекате неколку денови.
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Воведување на дохрана
Здравје и нега
Спиење
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Воведување на дохрана
Здравје и нега
Спиење
Си играме
Претходен период: Возраст 4 месеци
Следен период: Возраст 6 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како да знаете дека навистина овулирате?
Овулацијата е клучен дел од менструалниот циклус и игра важна улога во...
Најчести здравствени проблеми во бременоста
Бременоста е природен, но комплексен период во кој телото минува низ б...
Што да очекувате во првите 24-72 часа по породување?
Првите денови по породувањето се период на големи промени, телото се о...
Прва помош при повреда на глава
Повредите на главата може да изгледаат безопасно на прв поглед, но пон...
Мајчинство на повеќе деца: хаос, љубов и магија
Да се стане мајка е голема животна промена, но кога семејството расте ...