Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Развој на моториката и движењата
Повеќето доенчиња во шестиот месец го совладале завртувањето од стомак на грб, а некои веќе се вртат во двата правци. Кога доенчето лежи на грб ја подигнува главата во обид да се дигне во седечка положба. Ако го повлечете за рачињата во седечка положба, главата ќе ја подигне нанапред, кон градниот кош, а рацете и нозете ќе ги згрчи. При седење му треба потпора и затоа е најдобро да седи во прегратката на возрасните. При крајот на шестиот месец бебињата имаат доволно сила за да можат самостојно да седат пократко време.
Во стоечка позиција (нормално со Ваша помош) почнуваат да се потпираат на подлога, а притоа нозете им се исправени во колената. Со полни шест месеци грчењето на колената станува ритмичко и изгледа како детето да потскокнува.
Предметите кои му ги нудиме ги зема, ги држи, ги набљудува, ги тресе и ги префрла од рака во рака. Ги истражува и со устата. Играчките кои му се на дофат на раката ги зема само и се труди да ги дофати и малку пооддалечените играчки. Ќе протестира ако се обидете да му земете предмет од рака. Многу е важно детето самостојно да ги истражува способностите на своето тело. Затоа немојте да му ги давате оддалечените играчки, затоа што така му ја одземате можноста за напредување. Дозволете му само да ја дофати играчката и гласно поттикнувајте го.
Движење во просторот
Во втората половина од првата година доенчето постепено почнува да го усвојува движењето во просторот. Прв чекор во тоа е превртувањето на страна. Со првото превртување доенчето ги изненадува и родителите, но и себе, затоа што му успеало потполно случајно. Првото превртување се случува меѓу третиот и седмиот месец. Повеќето доенчиња прво се завртуваат од стомак на грб. Можат да поминат и месеци пред да го совлада завртувањето во другата насока (за завртувањето од грб на стомак се потребни поцврсти грбни и вратни мускули) Може да му помогнете така што ќе вежбате завртување со него. Така и порано ќе може самостојно да се врти. Многу бебиња го користат превртувањето за движење во просторот, иако не во саканата насока. Повеќето бебиња го прескокнуваат вртењето и се посветуваат на други развојни вештини (седење, лазење...)
Кога доенчето ќе почне да се завртува и придвижува, се зголемува можноста за паѓање. Затоа е потребна Вашата постојана грижа.
Длабинско распознавање
Од месец во месец доенчето има се поостар вид и петмесечните бебиња веќе добро препознаваат длабочина. Тоа значи дека лесно можат да го дофатат саканиот предмет, да го посматраат, тресат, префрлаат од рака во рака и да го истражуваат со устата. Ќе протестира ако се обидете да му земете предмет од раката.
Очните мускули му се толку развиени и трепкањето веќе не се појавува (во спротивно посоветувајте се со педијатар).
Доживување на околината
Бебето внимателно ги следи движењата во просторот и притоа ја врти главата во сите правци. Со поглед го следи движењето на луѓето. При крајот на овој месец се врти ако ја викате по име, престанува на момент со активностите и гледа во вас. Исто така веднаш гледа во правец на познатиот глас. Одговара со глас, а радоста ја изразува со гласна насмевка и врискање.
Препознава и разликува познати од непознати лица. На непознатите може да реагира со срамење и немир, посебно ако пребрзо му се приближуваат.
Развој на емоциите
За родителите насмевката на бебешкото лице е најубавиот поклон. Тоа е чудотворен лек за умор и лошо расположение. Вистина е дека насмевката на бебето е волшебна. Дајте му на бебето повеќе можности за заедничко смеење, затоа што така ќе се почувствува сакано и притоа ќе ја развива смислата за хумор која добро ќе му дојде во текот на животот.
Доенчето покажува се поголема поврзаност со родителите и почнува да се гали. Цврстата поврзаност ја искажува и со плач, кога мама ќе се оддалечи од неговото видно поле.
Тоа е времето кога доенчето се соочува со ограниченоста на своите движења. Кога на пример не ќе може да ги земе оддалечените играчки, може да се возбуди и да се налути. Сеуште му е потребна помош за да ги дофати предметите, но наскоро ќе стане подвижно и само ќе може да дојде до саканиот предмет.
Огласување на доенчето
Доенчето внимателно Ве слуша и Ви одговара со различни звуци и насмевка. Пред крај на месецот се врти доколку го викнете на име, за момент ги остава другите активности гледа во вас. Кога е само има голем репертоар на звуци. Разликува познати од непознати гласови, а со тоа и познати и непознати лица.
Се повеќе брбори и често се смее. Ве развеселува со гласна смеа, а низ играта и со гласно врискање. Гласовите кои на почетокот ги испушташе, користејќи самогласки, сега ги збогатува со согласки. Открива по еден или два гласови и потоа неуморно вежба повторувајќи еднакви слогови (нпр. ма-ма-ма-ма) Иако првото ма-ма потполно ќе Ве воодушеви, мора да знаете дека детето притоа не мисли на ма-ма како на личност, затоа што сеуште не ја разбира смислата на зборовите. Тоа ќе следува по првата година од животот.
Во овој период почнува да експериментира со различната висина на гласовите. При слушање внимателно го следи ритамот на говорот, нагласокот, интонацијата и висината на гласовите.
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Воведување на дохрана
Здравје и нега
Спиење
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Воведување на дохрана
Здравје и нега
Спиење
Си играме
Претходен период: Возраст 4 месеци
Следен период: Возраст 6 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Make a step: Линија за проодување
Daumling знае дека детските стапала не се само мали верзии на стапалат...
Избор на вистинските чевли за првите чекори
Првите детски обувки се многу важни за правилниот развој на стапалата ...
Daumling детски чевли со Terra-Care кожа
Германскиот специјалист за производство на детски чевли Daumling отсек...
Пелени - основни работи за секој родител
Изборот на вистинската пелена и разбирањето како да ги користите и да ...
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
Симптоми на породување.
пеперутка16
Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?