|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Здравје и нега

Болки при растење
Во парните претшколски години се јавуваат т.н. болки при растење. Причината за нив е непозната, се претпоставува дека причина за нив се коскената срцевина, мускулите и лигаментите. Се појавуваат во фаза на забрзан раст на детето, посебно кај поживите и понемирни деца. Детето чувствува јаки, тапи болки во потколениците и листовите, навечер кога се обидува да заспие, или во текот на спиењето.

При вакви болки масирајте ги нозете на детето од долу кон горе, или ставајте му ладни облоги кои ќе ја засилат циркулацијата и со тоа ќе ја ублажат болката.

Настинка

Настинката е најчеста од сите други болести. Претшколските деца се разболуваат и до 12 пати годишно, а младите ученици се поотпорни и се разболуваат околу 6 пати годишно. Симптоми се болка во грлото, кивање и секрет од носот.

Навикнете го детето да користи хартиени шамичиња, а заради честото бришење кожата намачкајте ја со маст од невен.

Нега на болно дете

Кога детето ќе се разболи родителите страдаат заедно со него. Уште полошо е ако на детето му е потребна хоспитализација. Слушајте ги советите на лекарите и не барајте можности како да ја избегнете хоспитализацијата. Треба да знаете дека лекарите не би ја советувале без причина.

На детските одделенија посетите се неограничени. Навечер е потребно да се разделите од детето, затоа што во повеќето болници нема место каде што би можеле родителите да преспијат. Обично поголеми проблеми, со детското хоспитализирање, имаат родителите отколку децата. Барем во присуство на детето однесувајте се смирено, бидејќи Вашето дете ќе биде уште позагрижено, ако види дека родителите се загрижени, или дека мама плаче. Треба да знаете дека децата во повеќето случаи лесно се прилагодуваат и дека во болницата запознаваат нови пријатели. Штом детето ќе биде подобро, лекарот ќе го пушти дома. По болничкото лечење потребна е и домашна нега. На крај да Ве предупредиме дека, додека е детето во болница, не може да користите боледување за нега на дете.

Здрави заби, убава насмевка

Во текот на школувањето децата имаат право на превентивен стоматолошки преглед во секое одделение од основното училиште и во прва и четврта година во средно училиште.

Заради недостаток на стручен кадар ова е тешко изводливо па затоа прегледите се на секоја втора година. Превентивната програма вклучува практично учење за хигиената на усната празнина, и советување како со правилна исхрана и хигиена да се одржува здравјето на забите.

Поважно од внесената количина шеќер е зачестеноста на консумирање на истиот. Тоа значи дека не е толку штетно ако детето изеде цело чоколадо и после тоа ги измие забите или барем ја исплакне устата со вода. Проблемите се јавуваат ако секогаш има нешто во устата и наместо вода испие зашеќерен пијалак. Најдобро е секојдневната исхрана да ја поделите во 4-5 главни оброци и ужини со колачи и грицки. Уште подобро е ако можат грицките да се избегнат. Кога џвакаме во устата се прави плуканица која може да ја испере лепливата храна. Храната нека биде што помалку преработена, цврста, која треба добро да се загризе. Забите се првенствено за џвакање и само така ќе останат здрави. Избегнувајте мека и леплива храна. Меѓу поединечните оброци нека мускулите и забите се одмораат, а за гаснење на жедта пијте вода или чај. Единствено на тој начин можеме да очекуваме дека ќе бидат здрави и сталните заби, односно дека ќе биде складен нивниот развој во вилицата. Млечниот заб, кој не се лечи, може многу да го боли детето, а освен тоа претставува извор на штетни бактерии за останатите заби и забното ткиво. Бактериите од забот може да допрат до крвотокот, па преку крвта и во целиот организам. Забот кој не може да се поправи обично се вади. Тоа понекогаш се прави неколку години пред неговото природно отпаѓање, што може да доведе до неправилен развој на сталните заби. Детето со расипани заби може да има лош здив, тешко да артикулира некои гласови при изговорот, а тоа може да предизвика одбивање од врсниците. Ако родителите го носат детето на заболекар само кога нешто го боли, детето тешко ќе постигне опуштен и однос на доверба со заболекарот.

Прочитајте уште

Развојни фази
Односи со врсниците
Исхрана
Здравје и нега
Детето и спортот
Добро е да се знае



Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?