Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Моторички развој
Моториката на осумгодишно дете е слична како на седумгодишно но на сите подрачја тие напредуваат бидејќи се физички поразвиени. Што повеќе активно време поминувате со нив толку подобар ќе биди нивниот физички развој. Досега не постоеја поголеми разлики меѓу половите, но сега почнуваат да се забележуваат заради промените во физичкиот развој. Девојчињата се повеќе одушевени од активностите во кои доаѓа до израз нивната подвижност, смислата за ритам и музика и естетското движење. Заради тоа се запишуваат на балет, ритмичка гимнастика, пливање, се повеќе се насочуваат на естетски спортови, а исто така сакаат да се дружат со животни. Тоа пред се е јавање. Исто така се вклучуваат во игри со топка, скијање, боречки спортови, планинарење и сл.
Момчињата се занимаваат со игри со топка, боречки спортови, спортови со рекет (тенис,бадминтон, пинг - понг), хокеј, велосипедизам, спортско планинарење, веслање, машки спортови каде до израз доаѓа моќта која им е вродена. Сето тоа зависи од семејството, околината во која детето живее, традицијата и сл.
Не само спорт, туку и спортско воспитување.
Спортот влијае децата повеќе да се трудат и во другите области, се разбира ако знаеме правилно да ги воспитаме. Многу важна е пофалбата, поттикот и одредување на кратки цели. Добрите родители се обично добри ученици.
Улогата на родителите при воспитувањето е важна и во спортот. Ако во претшколската возраст многу се занимавате со децата на спортско поле, ако детето не го присилувате на спорт кој не му одговара ако секогаш го следите детето и му давате до знаење дека се труди, детето со задоволство ќе биде активно. Ако само го однесете на тренинг и потоа се вратите по него не можете да забележете никаков напредок и таквото дете наскоро ќе престане да тренира и повеќе нема да биде заинтересирано.
Во случај детето да не покажува одреден интерес да некој спорт можеби ќе му се допадне некој друг спорт. Одете со него на прошетка, на планина, можеби преку дружбата во природа ќе го поттикнете детето на планинарење. Со детето треба да разговарате за се и со него да бидете активни. Иако таткото е најголем обожавател на фудбал, а фудбалот го следи единствено од фотелјата пред телевизор, детето нема да биде фудбалер туку ќе дознава за фудбалот гледајќи го од фотелја. Надареноста може да се покаже многу рано или многу доцна. Уште кај претшколско дете се гледа дали е подвижно, вешто, јако, одлучно, заинтересирано за движење. Многу подвижните девојчиња веројатно ќе бидат воодушевени од балет или гимнастика, а спретните и јаки момчиња за хокеј.
Развојни фази
Односи со врсниците
Исхрана
Здравје и нега
Детето и спортот
Добро е да се знае
Развојни фази
Односи со врсниците
Исхрана
Здравје и нега
Детето и спортот
Добро е да се знае
Претходен период: Возраст 7 години
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Летото е време кога косата добива нова улога, да изгледа природно, раз...
Што значи вистинска љубов во реалниот живот?
Во филмовите љубовта често изгледа како магија, толку интензивна, стра...
11 Вистински знаци на породување
Бременоста е период исполнет со очекувања, подготовки за новиот член, ...
Што значи да си „функционално“ семејство денес?
Во свет полн со брзо живеење, стрес и постојани промени, поимот „функц...
Можеби вашиот малечок тропка со лажици по масата или наоѓа ритам во сe...
Мобилен телефон.
пеперутка16
Дали сте застапник на купување мобилни телефони за деца на возраст од 2, 3, 4 години...?