Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Развод на родителите
За детето разводот на родителите (освен смртта) е најтрагичниот настан во цел живот, затоа што целокупниот живот се променува. Разводот не е еднократен проблем, туку проблем кој трае и трае. Почнува со кавги и негативно расположение дома, продолжува со развод, можни кавги меѓу родителите и после разводот, често и конфликти околу старателството. Да не ја споменуваме и преселбата која следи по разводот и подоцнежното прилагодување на новите брачни партнери, полубраќа и полусестри...Во секој случај разводот е процес при кој тагата е измешана со лутина и страв.
Детето тагува за родителот кој го напушта семејството. После тоа искуство се плаши дека и другиот родител ќе го напушти. Во својата глава ја презема вината за разводот и се обидува да го подобри своето однесување, мислејќи дека родителите ќе се смират. Малите деца често мислат дека едниот родител ги напуштил заради нив. Од тоа произлегува и лутината кон родителот кој е виновен за разводот. Децата страхуваат дека родителот кој ги напуштил повеќе не ги сака.
Родителите би требало да му ја кажат вистината на детето за разводот, без непотребни детали кои би можеле да му наштетат. Треба да му кажете онолку колку што е способно во тој момент да слушне и прифати. Многу е важно родителите да имаат доволно разбирање и трпение и со детето да разговараат онолку колку што му е потребно за тоа. Во такви околности најдобро е да се обратите да стручни лица кои ќе им го олеснат процесот на развод на сите членови од семејството.
Како децата да ги именуваат возрасните
Кога сте биле вие дете работите беа појасни. Меѓу возрасните кои ги знаевте по име освен мама и тато постоеја господа и госпоѓи. Денес правилата се пофлексибилни. Децата ги викаат возрасните по име. Дали тоа е знак на непочитување? Не, ни малку... Почитувањето се покажува со однесување и детето обично враќа со исто ако и возрасниот го почитува.
Званичните називи се обично нужни во институциите каде возрасните имаат голем авторитет, на пример учителите во училиштата и лекарите во болниците. Скоро смешно би било ако детето на тој начин го именува својот тренер.
Ако сте збунети и не знаете како детето да разговара со родителите и пријателите, најпрво размислете што ви се чини адекватно. За тоа поразговарајте заедно и обликувајте правила. Пред да му претставите нова личност на детето најпрво дозволете и да се претстави сама.
Развојни фази
Односи со врсниците
Исхрана
Здравје и нега
Детето и спортот
Добро е да се знае
Развојни фази
Односи со врсниците
Исхрана
Здравје и нега
Детето и спортот
Добро е да се знае
Претходен период: Возраст 7 години
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Мача во бременоста, безбедна, но со една важна замка
Мача чајот е богат со антиоксиданси и има суперстатус во светот на здр...
Од сувост и чешање, до намалено либидо
Интимното здравје е тема за која многу жени ретко зборуваат, од срам, ...
Мажите што носат трауми, жени што ги носат последиците
Живееме во општество во кое мизогинијата тивко, но упорно се храни со ...
Негативни последици од физичкото казнување на децата
Физичкото казнување на децата сe уште е пракса која се применува во мн...
Ендометриоза, невидливата болка кај многу жени
Ендометриозата е едно од најчестите, но и најмалку разбрани гинеколошк...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?