Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Интерес за околината
Бебето сега веќе ги препознава мама и тато и веќе разликува познати од непознати личности. При погледот на родителите се насмевнува и со насмевка одговара на насмевка. При тоа воспоставува и визуелен контакт. За време на хранењето со голем интерес го гледа мајчиното лице и го проучува. Исто така додека се храни гледа во сите страни, затоа што во овој период почнува интензивно да се интересира за околината.
Со интересирање се одѕива кога ќе чуе глас, главата ја врти во правец на личноста која зборува и одговара со насмевка и гугање. Обидете се што повеќе да разговарате со детето, смејте му се и галете го. Мирниот и познат глас доенчето го смирува и утешува. Повеќето бебиња ги смирува и музика.
Помнење
Доенче од три месеци има доволно добро помнење за да ги запамети сите повторувачки дејствија, што јасно ги покажува со радост и немир, на пр. при турање вода во кадичката или при хранење. Ја сака секојдневната рутина, затоа што му помага да го предвиди она што следува.
Свест за себе си
Ова е период кога доенчето со истражување на своето тело станува свесно за себе си. Ужива да си ги гледа рацете, си игра со прстите, ги допира своите уши, своите гениталии и другите делови на телото. Ги испитува можностите и на гласните жици.
Како што веќе споменавме, доенчето сега ги препознава мајката и таткото. Тоа значи дека е свесно дека има татко. Татковата улога во детскиот живот не е ништо помалку важна од мајчината. Таткото полесно го прифаќа детето како самостојна личност и со тоа влијае на развојот на детската самодоверба. Тоа му помага на детето да сфати дека не е иста личност со мајката и дека секој има свој живот. Таткото му помага на детето да спознае дека постои и кога мајката не е покрај него.
Емоции на доенчето
По три месеци старост доенчето може врз основа на гласови и фацијални мимики да ги разбере основните емоции на луѓето кои го опкружуваат, како што се радост и лутина. Исто така знае со гласот, движењата и фацијалната мимика да изрази незадоволство, лутина, радост, интерес, страв или изненадување. Радоста и задоволството ги покажува со насмевка.
Говор на доенчето
Иако бебињата со три месеци веќе помалку плачат, сеуште плачењето им е единствен начин на изразување на сопствените желби и потреби. Различните желби, или различната јачина на желбата или интензитетот на чувствата, доенчето ја изразува со цела палета различен плач, кој досега веројатно научивте да го препознавате.
Доенчето се одѕива кога е радосно и задоволно, пред се. Кога му зборувате одговара со гугање, изговарање на самогласки и со насмевка. Ужива во размената на насмевки и гласови. Во тек на разговорот го набљудува Вашето лице.
Држење на главата
Кога го држите доенчето во прегратка, или на рамо, тоа веќе добро ја држи главата без да ја клати. Кога лежи на стомак, потпирајќи се на лактите, ја подигнува главата и горниот дел на градниот кош. Повеќето доенчиња се способни да ја подигнат главата под агол од 90 степени. Кога лежи на грб, лежи посиметрично со поглед кон напред рацете и нозете ги движи симетрично и повешто. Интензивно удира на подлогата со двете нозе одеднаш и наизменично.
Се повеќе ги отвора дланките и рацете и веќе може да ги склопи пред себе. Понудениот предмет го зема со цела рака и го разгледува. Го воодушевува движењето на сопствените раце, се забавува и си игра со своите прсти, ужива во игра и удирање со нозете. Секој ден е се повешто во фаќање на предмети од околината и играње со прстите. Се обидува да ги фати играчките кои висат над него.
Повеќето новороденчиња уживаат во капење и шлапкање во водата. Размислете за организирани часови по пливање за доенчиња, затоа што вежбањето и играта во вода го поттикнуваат севкупниот развој на детето. Сепак бидете внимателни! Ако кај доенчето забележите претерано истегнување на грбот и главата, избегнувајте пливање, затоа што ќе го поттикнете истегнувањето. Со тоа се зајакнува одредена група на мускули што придонесува детето да развие погрешен начин на движење.
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме
Моето доенче
Развојни фази
Доење и дохрана
Спиење
Здравје и нега
Мама и тато
Си играме
Претходен период: Возраст 2 месеци
Следен период: Возраст 4 месеци
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Грлото ме боли! Бактериска инфекција или вирус?
Болката во грлото е една од најчестите здравствени тегоби. Понекогаш е...
Среќата живее во она што го имаш
Во секојдневието често трчаме по она што ни недостига, по следниот усп...
Што е страв од непознати лица кај бебињата?
Одеднаш твоето насмеано бебе почнува да плаче кога ќе му се доближи не...
Што се смета за нормален срцев ритам на фетусот?
Срцето на вашето бебе започнува да чука рано во бременоста и неговиот ...
Промени на телото во првиот триместар на бременоста
Првиот триместар од бременоста (недела 1-12) е период на големи видлив...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?