|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Доцнење на говор кај децата

Твој логопед, Билјана, 26.3.2021
Во денешно време, повеќето од децата се подоцна прозборуваат.Загрижени родители бараат совети, помош, утеха насекаде.Но постои грешка, која во денешно време ја прават многумина родители:Барање совет по пат на социјални мрежи

image
/11


 

Не секое дете до слични симптоми го има истиот проблем, и не на секое дете би му помогнале случајни совети.
Вистинското решение е барање на стручна помош од логопед, дефектолог и слично, се во зависност од проблематиката.


ПРИЧИНИ ЗА ДОЦНЕЊЕ НА ГОВОР

 За едно дете да се развива како што треба, многу е важна средината.Средината, односно родителите се првите кои ќе помогнат во процесот на правилно развивање на говорот на детето, секако доколку не постојат некои пречки кои не се во нивна моќ.

Детето треба да расте во средина исполнета со љубов, внимание, игри, и природни поттикнувачи на говорот.
Во денешно време, најголем проблем за развој на говорот се смета долго поминато време пред телефон, таблет, телевизор, гледајќи програми на Англиски јазик, па со тоа на некои од децата наместо првите зборови да ги каже на Мајчин Јазик, тоа ќе ги каже на Англиски. До 3 годишна возраст, препорака е времето поминато пред електронски уреди да биде сведено на нула.


КАКО ДА ГО ПОТТИКНЕМЕ ГОВОРОТ КАЈ ДЕТЕТО?

 Иако за некои можеби изгледа нереално, говорот се поттикнува со многу едноставни и секојдневни активности.Секоја активност може да се користи за поттик на говор како на пример, при хранење, оставете детето само да побара од вас УШТЕ, прво ќе почне со поглед а вие ќе го искористете тоа и ќе му повторувате да кажува:МАМО ДАЈ УШТЕ.При облекување, при миење заби, при многу активности направете детето само да побара од вас помош стимулирајќи говор.Користете ономатопејски звуци, барајте од него да ги имитира истите, користете слики за да биде по забавно за самото дете, а доколку подолго време не помага ништо, секако побарајте помош од ЛОГОПЕД.

Твој Логопед, Билјана 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
7
Пневмонија кај малите деца
Пневмонијата е сериозна, но честа респираторна инфекција која може да ги погоди и најмалите, особено децата од 1 до 5 го...
3
Кое млеко е подобро за деца: сирово или па...
Млекото е една од најважните намирници за раст и развој на децата, но прашањето кое често ги збунува родителите е: кое е...
3
Маја Аргакијева photography: Максим
Галерија: Maja Argakijeva, Creative Baby & Child Photography
3




Анкета

Мајка на момче.
пеперутка16

Дали ги ставивте пенисот/скротумот/пенисот на вашите момчиња со лицето нагоре пред да ги повиете? И ако е така, зошто?