vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Но, како да го научите детето да чита?
Децата се исклучително приемчиви уште пред да проодат. Тоа е времето кога може да започнете да го запознавате детето со светот околу него преку сликовници и зборови. Така несвесно детето почнува да поврзува предмети, животни и слично со соодветните зборови и нивно пишување и изговор. Природно е дека толку малку дете нема како да почне да чита, но пренесената информации му останува "во магацин" во детската свест.
Кога детето ќе започне да говори и веќе има одредена група на зборови кои ги знае, може да се примени друга техника, која подоцна ќе му помогне на вашето дете да почне да чита побрзо и полесно. Користете картончиња, на кои има животни, храна или друг предмет, како и првата буква од името на предметот/животното. Претворете го учењето во игра - вие покажувате картонче, а детето треба да го познае зборот, гледајќи ја само првата буква. Така го стимулирате мисловниот процес кај детето и му помагате да ја запамети азбуката и правописот на буквите, како и нивниот изговор. Со овој метод се создава слика за секоја буква, што помага за лесно запомнување.
Кога детето ќе наполни 3-4-години, време е да го запознаете со различни фрази, како и да започнете вежби (во никој случај не го учете вашето дете да чита букви - "б-а-б-а", туку само преку слогови - "БА-БА").
Но, иако во оваа возраст децата впиваат информации како сунгер, не бидете настојчиво во желбата детето да поминува часови над буквар, кога тоа сака да игра надвор со своите врсници. Пофалете го и избегнувајте критики, бидејќи и заради една критика детето може да отфрли се.
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Мали нешта што можат да донесат голема радост
Не секогаш ни се потребни големи промени, скапи подароци или посебни п...
Што треба да знаете пред да започнете да трчате?
Трчањето е една од најдостапните форми на физичка активност. Не ви е п...
Вечерно јадење и килограми. Што е вистината?
Дали сте слушнале дека јадењето по 18 или 20 часот неизбежно води до з...
Како исхраната влијае на појавата на акни?
Акните се еден од најчестите проблеми со кожата и можат да се појават ...
Како правилно да ја негувате косата секој ден?
Убавата и здрава коса не бара секогаш скапи производи или комплицирани...