|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто моето дете не јаде?

Редакција Рингераја, 25.8.2017
Речиси не постои мајка која не ја изговорила реченицата „Моето дете не јаде доволно“
Клучни зборови:

image
/11


 

Повеќето од вас сигурно знаете колку фрустрирачка може да биде состојбата кога детето одбива да јаде, посебно кога внесуваме некоја нова храна или, уште полошо, кога му се нуди храна што претходно ја јадело а сега категорично одбива да ја јаде. Повеќето од децата го прават ова одвреме-навреме, но за еден мал процент тоа е „начин на живеење“.

 

Зошто е тоа така?

Различни фактори може да бидат причина и истите треба внимателно да се откријат за да му помогнеме пред сè на детето, но и на родителите во надминување на оваа трауматична состојба. Секако, прво на што секогаш помислуваме е дека на детето не му се допаѓа понудената храна. Дете со кое лесно се комуницира само ќе ни каже дека понудената храна не му е доволно вкусна. Во тој случај лесно може да ја замениме. Но, проблем е кога детето не сака да прими ниту еден вид понудена храна. Во тој случај може да се работи за повеќе различни причини. Треба да се има на ум следново:

 

Пребирливост во поглед на храната

Одредени периоди од животот на детето, посебно периодот помеѓу втората и третата година од животот, се карактеризираат со изразена пребирливост во поглед на храната. За разлика од доенечкиот период кога растот е многу интензивен, во овој период настанува забавување кое го следи и намалување на апетитот на детето. Ова истовремено е период на многу интензивен когнитивен развој во текот на кој детето манифестира многу изразен интерес за околината и врсниците и најчесто „воопшто нема време за јадење“. Значи пребирливоста е дел од нормалниот развоен процес во детството. Многу е важно како ќе се однесуваат родителите. Доколку не покажат разбирање и инсистираат на поголем внес на храна често само создаваат аверзија кон храната. Од друга страна, некои деца обидувајќи се да ги задоволат родителите непотребно внесуваат и повеќе храна од потребната, што неминовно води кон развој на угоеност. 

 

Алергии на храна 

Губиток на апетит и одбивност кон храна може да се јави и во склоп на одредени нутритивни алергии. Одредена храна што предизвикува појава на алергии може да даде цела низа дигестивни потешкотии – мачнини, гадење, повраќање и чести профузни празнења на столици со течна конзистенција што кај детето доведува до развој на дехидратација и во исто време создава одбивност, но и страв од храната воопшто. Неправилниот начин на хранењето – пред телевизор, со различни играчки или за време на компјутерски игри, создава лоши прехранбени навики – детето јаде механички и најчесто не ја џвака доволно храната. Кога ќе се најде во услови кога нема телевизор или компјутер одбива да јаде. Родителот во текот на оброците треба да го научи детето да се фокусира само на храната, да не попушта пред барањето на детето за „цртан филм или компјутерска игра“, а дури по оброкот да му дозволи на детето да и' се врати на играта.

 

Одбивност кон храната

Одбивност кон храната кај детето може да се јави и поради сензорна пречувствителност, посебно кон одредени карактеристики на храната како што се: 
• конзистенција (кашеста, течна, лигава, многу густа, леплива итн.);
• мирис (поради присуство на одредени прехранбени продукти–кромид, лук, зачини); 
• боја (која му буди непријатни асоцијации) 
• севкупниот изглед.

 

Неправилна исхрана

Kонсумирање само нездрава храна како на пример – сендвичи со плескавици или хот–дог сендвичи (junk food – храна што содржи многу калории од шеќери и масти, а многу малку протеини, витамини и минерали), може да биде причина за аверзија кон здрава храна. Правилните прехранбени навики треба да се развиваат кај децата од најмали нозе. Родителот треба да му биде пример на детето и никогаш да не консумира нездрава храна пред сопственото дете. Многу е важно да се избегнува користењето грицки помеѓу оброците што дава чувство на ситост и редуцирање на апетитот во текот на редовните оброци.

 

Свесно прескокнување на оброците

Свесното прескокнување на оброците, посебно во тинејџерскиот период од животот, со цел да се постигне намалување на телесната тежина води кон постепена редукција на апетитот и создавање чувство на одбивност кон храната. Мотивот е најчесто подобар физички изглед, поистоветување со врсниците или нагласено незадоволство од сопствениот изглед. Прескокнувањето оброци или избегнувањето на одредени видови храна може да доведе до развој на клиничка слика на анорексија. Неправилниот распоред на оброците, посебно нивно- то одлагање за доцните вечерни часови може да создаде одбивност кон храната. На крајот на денот некои деца се премногу уморени за да јадат, посебно доколку се работи за доенчиња, спортисти или ученици. Затоа оброците треба да бидат регуларни и навремени. 

 

Болест

Секоја болест го редуцира апетитот и сосема е разбирливо дека болно дете јаде многу помалку од здраво дете. Не постои простор за загриженост доколку детето по оздравувањето повторно почне нормално да јаде. Кога е болно родителот треба да инсистира на зголемен внес на течности, посебно доколку има покачена температура или зголемен губиток преку повраќање и лоши столици. На овој начин ќе го превенира развојот на дехидратација или истата правилно ќе ја третира.
И на крај, децата интуитивно знаат колку храна им е доволно. Родителите мора да бидат реални – детето не може да изеде иста количина храна како возрас- ните. И детето исто како и неговите родители не внесува иста количина храна секој ден. Тогаш кога јаде помалку а нема знаци за болест родителот не треба да го вклучува „алармот“. Треба да знаеме дека дебелината не е здравје туку болест. Детето треба да се учи да јаде правилно а не прекумерно. А родителот со своите прехранбени навики треба да биде позитивен пример за сопственото дете.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Паметни играчки според возраста на детето
Во прилог е водич за тоа како и на која возраст децата играат, играчки со коишто се забавуваат и им помагаат да го разбе...
4
Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
4
Склопување нови пријателства
Погледнете го разговорот со психологот Розета Павлова и искуството на мајката Ивана Кочева и нејзиниот син Михајло на те...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?