vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/11
Добрината е тивката сила што лекува, поврзува и менува животи. Таа не бара признание, не очекува награда, но остава траги што траат засекогаш.
Добрината е храброст. Тоа е избор да останеш човечен дури и кога е тешко, да покажеш разбирање наместо осуда и љубов наместо рамнодушност. Добрината е јазик што сите го разбираат и вредност што никогаш не излегува од мода.
Истражувањата покажуваат дека добрината не само што го подобрува менталното здравје и меѓучовечките односи, туку позитивно влијае и врз развојот на децата, создавајќи средина во која растат сигурни, сочувствителни и емоционално стабилни личности.
Денес бидете благодарни за секој момент кога сте покажале добрина и кога некој бил добар кон вас. Бидете благодарни за насмевките, за подадената рака, за зборот што охрабрил и за тишината што разбрала. Секоја добрина, колку и да е мала, носи светлина таму каде што најмногу е потребна.
Афирмација за денес:
„Јас ја избирам добрината како дел од моето битие. Моите зборови, мисли и дела носат светлина. Со добрина го правам светот поубав, а моето срце побогато.“
Денес, направете барем едно добро дело, со вашата насмевка, со збор, со внимание. Никогаш не знаете колку нечиј ден или живот, може да се промени токму поради вас.
Ваша Рингераја.
3
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто доаѓа до имплантациско крварење?
Мала розева или кафенкаста трага на долната облека во периодот кога ја...
Трета недела од бременоста, почеток на нов живот
Иако можеби сe уште не знаете дека сте бремени, во третата гестациска ...
Магнезиум во исхраната на вашето дете
Кога размислуваме за здрава исхрана на детето, најчесто зборуваме за п...
Дали земањето омега 3 ќе ви помогне со плодноста?
Омега 3 масните киселини често се споменуваат како дел од исхраната за...
Колку движење е доволно во бременоста?
Бременоста не значи дека треба цел ден да се одмора, но не значи ниту ...