|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?

Редакција Рингераја, 18.12.2025
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесно зачнување, но нивната улога е понијансирана.

image
Фото:Canva/Многу жени кои се обидуваат да забременат започнуваат со пренатални витамини со надеж дека токму тие ќе бидат клучот за побрзо зачнување.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Иако овие суплементи имаат важна улога во подготовката на телото за бременост, погрешно е да се сметаат како „магично решение“ за забременување.

Тие не ја зголемуваат директно плодноста, но обезбедуваат неопходни нутриенти како фолна киселина, железо, јод и витамин Д, кои го подготвуваат телото за здрава бременост и го намалуваат ризикот од одредени компликации.

 

Што навистина прават пренаталните витамини?

Пренаталните витамини се формулирани да: ги надополнат нутритивните резерви, обезбедат фолна киселина за правилен развој на плодот, ја поддржат хормонална рамнотежа и да намалат ризикот од некои вродени аномалии.

Тие не ја предизвикуваат овулацијата и не гарантираат зачнување.

 

Зошто се создава ова верување?

Ова верување е базирано на нормалната лекарска препорака за внес на овие суплементи пред бременост, затоа што се создава чувство дека „нешто се презема“ и затоа што некои жени забременуваат додека ги користат иако витамините не се директната причина за бременоста.

 

Кога навистина помагаат?

Ако постои дефицит. Недостаток на фолна киселина, витамин Д, железо или Б-комплекс може да влијае негативно на циклусот и овулацијата.

Ако телото се подготвува за бременост. Здрави нутритивни резерви создаваат подобра основа за имплантација и развој на бременоста.

Ако се комбинираат со здрав начин на живот. Витамините имаат смисла кога се дел од поширока грижа за здравјето.

 

Што не можат да направат?

Пренаталните суплементи не ги решаваат хормоналните нарушувања и не ги отстрануваат механичките пречки како на пример непроодноста на јајцеводите. Исто така суплементите не го заменуваат медицинскиот преглед и не го елиминираат стресот низ кој се поминува низ процесот на зачнување.

 

Ризик од преголеми очекувања

Кога целата надеж е ставена во витамини, може да се одложи навремена медицинска проценка која е потребна, а може да се појави разочарување доколку не дојде до зачнување веднаш и се создава лажно чувство на контрола

 

Каков е правилниот пристап?

Најдобар ефект има комбинацијата од: пренатални витамини по препорака на лекар  со балансирана исхрана, регулиран сон, умерена физичка активност, намалување на стрес и редовни лекарски прегледи.

 

Пренаталните витамини се важна поддршка, но не и решение за зачнување.
Тие го подготвуваат телото, но бременоста не започнува со таблетките туку со целокупната грижа за здравјето.

Најсилната формула за зачнување е информираност, трпение и навремена поддршка.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Психолошките предизвици при планирање брем...
Кога се зборува за бременост, најчесто фокусот е ставен на физичкото здравје, анализите и медицинските прегледи. Но пато...
8
Како се дијагностицира PCOS?
Нередовниот циклус, зголемената влакнетост, акните и потешкотиите со забременување може да бидат знаци на PCOS, но ниту ...
7
Кога започнуваат симптомите на ПМС?
Промените во расположението, надуеноста, чувствителните гради и зголемениот апетит може да се појават уште пред да започ...
4
Причини за слаб квалитет на сперма
Квалитетот на спермата е важен фактор за машката плодност. На него можат да влијаат различни животни навики, здравствени...
4




Анкета

пол
macka

какво сакавте да биде вашето прво дете

женско (52%)

машко (48%)


Број на сите гласови: 97

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!