Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
После се, да се биде мајка е една од најтешките, исцрпувачки, неблагодарни, но, истовремено и една од најисполнителните и интересни работи на светот.
Нема пауза, за слободен ден може само да сонувате, нема плата и не се работи во некоја мирна и тивка канцеларија. Да се биде мајка е една неуредна, стресна, бесконечна работа, која што може да ти го преврти светот наопаку во рок од 5 минути. Грижата за новородено бебе може да биде многу исцрпувачка и тешка, особено за оние кои се мајки за прв пат. Додадете ги на тоа хормоните и секојдневните обврски кои една жена ги има... Само е прашање на време кога ќе настане експлозија.
Сега следува прашањето, што треба една мајка да прави? Како да и мине денот? Многу е важно да се знае дека ниту една мајка не е перфектна и ниту една нема сфатено се, но, има некои кои што изгледаат како да имаат, но, верувајте, тие само многу добро глумат. И како што секој кој што имал деца знае, треба да ја поседуваш способноста да си се смееш сам себе и на ситуацијата во која што се наоѓаш за да преживееш. Смеењето е најдобриот лек и без него, сите сме за никаде. Затоа ние решивме малку да ве насмееме и ги склопивме овие 10 легендарни цитати, кои што не само што се смешни, туку се и многу вистинити.
Ејми Полер - Желбата за сон после деца е толку реална, што можам да ја споредам со прошетка на месечината каде што јас плачам, затоа што сум чула дека месечината е прекрасна, но всушност, таа е за никаде

Тина Феј – Ах, бебиња! Тие се многу повеќе од слатки мали суштества кои што можеш да ги обвинуваш за твоите издувни гасови.
Џил Вебер – Имаш деца, хоби не ти е потребно
Рис Витерспун – Телото многу повеќе си го сакам откако имам деца. Дали е тоа лудо? Се чувствувам поженствена.

Диан Китон (Дафне) – Господ не можел да биде насекаде, па затоа ги измислил мајките
Анџелина Џоли – Интересното нешто во тоа да имаш повеќе деца е тоа што тие се нон стоп тука да те потсетат дека ти си човекот кој ги носи да какаат, да, тоа си ти.

Тами Тејлор – Главната работа е тоа што дел од мојата одговорност е да бидам сигурна дека нема да бидеш глуп. Тоа е лошо за светот.
Росен Бар – Како домаќинка, ако децата се сеуште живи кога сопругот ќе се врати од работа, сметам дека сум на ниво на задачата.

Џенифер Гарнер – Не сум трудна, но родив три деца и сега имам “лубеница”. Од сега па натаму, јас ќе продолжам да имам “лубеница”, но тоа ќе биде моја “бебешка лубеница” и затоа најдобро е сите да се навикнеме на неа, таа не оди никаде.
Непознат автор (генијалец) – Родителстово е... шепотење у пи*ду м*тер секој пат пред да одговориш кога некој ќе го изговори твоето ме.
5
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Малите победи што значат сe во процесот на IVF
Патот кон родителство преку ин витро оплодување ретко е едноставен. То...
Кога бременоста не е „само нормална“?
Бременоста е природен и неверојатен процес, но тоа не значи дека секој...
Како изгледа првиот преглед кај специјалист за плодност
Првиот преглед кај специјалист за плодност не е само медицинска процед...
Што да јадете, а што да избегнувате во бременост?
Бременоста е период кога исхраната има директно влијание врз здравјето...
Намирници кои можат да предизвикаат колики кај бебето
Коликите кај бебињата се еден од најчестите предизвици во првите месец...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?