vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Најсреќна на свет сум што ги имам нив две. Тие се центарот на мојот свет и воздухот кој секојдневно го дишам. Не можам да кажам дека сум најдобрата и најсовршената мајка на светот, но секогаш ќе се трудам да им го покажам вистинскиот пат и правецот во кој треба да се движат.
Иако често на социјалните мрежи налетуваме на профили на мајка која профилот и дава печат како да живее бајка, како да никогаш не се нервира и не плаче на глас. Но за жал не е така. Мајката е таа која ги менува валканите пелени, мајката е таа која станува ноќе да го дои бебенцето, мајката е таа која само што ги средила расфрланите играчки детето одново ги растурило, мајката е таа која готви по неколку пати во денот за нејзиното дете да јаде, мајката е таа која бакнува за да помине рачето кое се удрило...
Мајката е таа која е и хигиеничар,готвач, чистач, доктор секојдневно по 24 часа. НЕ НЕ НЕ, не се жалам,само потврдувам колку си благословена доколку си вработена кај твоите деца 24/7. Да имаш дете значи целиот живот да си вработена и да ја работиш најубавата и најблагодарната работа на светот, МАЈЧИНСТВОТО.
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...
Зошто е важен редовниот појадок?
Појадокот е првиот оброк во денот и може да биде одличен начин да му о...