|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Др. Ранко Рајовиќ: Родители, разбудете се

Редакција Рингераја, 30.10.2015
Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА

image
/11


 

Доколку не го промениме пристапот во развојниот период, ќе имаме уште повеќе развојни пречки и когнитивни испади. Така што време е родителите да се разбудат, времето поминува, грешките се прават брзо, а тешко се поправаат

Интервју со Др. Ранко Рајовиќ – МЕНСА

Овогодишното признание на светската МЕНСА за допринос на општеството во целина, ви е доделена вам. За што се работи?

Има се повеќе деца со развојни пречки, како да се работи за некоја епидемија. Пречките во говорот, пречките во читањето, когнитивните испади, неспретноста кај децата, слабата концентрација се секојдневна тема и тешко е да се сфати што се случува во последните 10-15 години. Програмата NTC дава одговор на тоа, но и им помага на децата со пречки. Исто така оваа програма им помага на децата во процесот на учење, но и во развојот на функционалното знаење. Програмата е веќе присутна во 20 држави, а во 7 има државна акредитација. Програмата може да го потпомогне развојот на секое дете, но посебно е добра за развој на надарени деца.

Поврзуваме нови откритија во медицината, ги применуваме во педагогијата, соработуваме со стотина учители и воспитувачи. Сме направиле околу 20,000 истражувања и сме објавиле преку 30 проекти за 5 години.

 

Колку родителите можат да влијаат на развојот на интелегенцијата?

Интелегенцијата  не е наследна, наследен е потенцијалот. Сликовито кажано, од нашите родители добиваме мала или голема чаша, а од многу други фактори зависи колку вода ќе ставиме во таа чаша. Дури ни интелегенцијата не е пресуден фактор за успех во животот. Функционалното знаење е она што всушност ни е потребно. Често може да се прочита дека интелегенцијата е наследна 50%, а останатото зависи од опкружувањето. Тоа лесно може да се демантира. Доволно е да се замисли ситуација – родители кои се интелегентни добиваат дете, а тоа дете по некој случај живее во бела соба и со него не разговара никој. Дали ќе биде 50% интелегентно како родителите? секако дека не. Нема да биде ниту 30%, а можеби ниту 10%. Тоа значи дека опкружувањето е многу важно, можеби и повеќе од 90%. Така станува јасно дека за развојот на интелегенцијата е потребна адекватна стимулација. Посебно во периодот на интензивниот развој на мозокот.  Така што мораме да сфатиме дека некои постоечки теории, кои се стари 30-40 или повеќе години мора да се корегираат, бидејќи опкружувањето денес и пред 40 години не е исто. Се е изменето и ако не го измениме пристапот во развојниот период, ќе имаме уште повеќе развојни пречки и когнитивни испади. Така што време е родителите да се разбудат, грешките се прават брзо, а тешко се поправаат.

 

Кои се најчестите грешки?

Тоа се поврзани грешки, од самото раѓање па се до тргнувањето на училиште, можеби и подоцна. Во главно се поврзани со презаштитување на децата. Ги има многу, од фиксирање на главата кога родителите го држат бебето, до спречување на лазењето, забрана за скокање во кал или на креветот. Тоа се многу важни активности кои формираат важни регии во кората на големиот мозок и кои се важни за когнитивниот процес.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Играчки прилагодени на возраста на детето
Пред да купите играчки за своето дете, водете сметка тие да одговараат на неговата возраст. Еве неколку предлози...
3
Дали е подобро да си единец?!
Значи, тоа се деца на кои родителите им дозволуваат се', кои добиваат се' што ќе посакаат, тоа се деца кои немаат ривали...
3
Пораснав со гневна мајка
Јас пораснав со гневна мајка. Таа врескаше по мене бидејќи сум го истурила млекото, ме тепаше бидејќи и презборував и си...
3
Што се случи со едноставните детски роденд...
Поттикната од скапите забави за детските родендени кои излегуваат од контрола, блогерка напиша писмо со кое цели да ги и...
3




Анкета

женско име
katerinceb

име

симона (59%)

симонида (0%)

сандра (41%)


Број на сите гласови: 37

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!