namesp во 10:12
Емотивна интелигенција на децата
Нина Мав-Хорват, 4.5.2010Постојат тестови за интелигенција и со тоа можеме да го пресметаме нејзиниот коефициент. Меѓутоа емотивната интелигенција е нов поим во одгледување на детето. Многу стручни лица се сигурни дека денешните деца се побистри од минатите генерации, но во животот и во меѓусебните односи некако не се снаоѓаат. Освен тоа, сведоци сме на зголемување на казнивите, дури и криминалните дела на младината, самоубиства, напуштање на училиштето, недостаток на интерес за работа... Зошто е тоа така? Знаеме дека децата се поумни, дека имаат се што ќе посакаат, дека им нудиме се што им е потребно...
Најголемиот проблем е во погрешното мислење дека родителите мора да го штитат детето од проблеми, затоа што непотребната заштита на детето повеќе му штети отколку што му користи. Детето мора да се научи да ги изразува и да ги разбира чувствата (свои и туѓи), да го контролира расположението, да научи да биде еманципиран, независен, прилагодлив, упорен, љубезен; да научи да ги решава своите проблеми...Ако на детето му го „скратиме “ тоа, и се правиме наместо него, истовремено го браниме и се извинуваме за неговите грешки, тогаш сме на добар пат детето да добие емотивни проблеми и да не се вклопи во околината. Сето ова може да доведе до потешки душевни проблеми кај детето, кога ќе порасне.
Вештините на емотивна интелигенција се стекнуваат во процесот на воспитување на детето. Психолозите препорачуваат со детето да разговараме за неговите емоции, затоа што така полесно ќе ги разбере чувствата на другите, а истовремено ќе дознае што се случува со нив.
Децата треба да се пофалат, а пофалбата да е ефикасна и примерна тогаш кога детето ја заслужува, затоа што се трудело, било упорно и слично. Не е потребно тој негов труд да е крунисан со резултат, но ако знаеме дека детето во тоа навистина вложило, не е на одмет да го пофалиме.
Исто така ниту децата кои се ранливи и емотивни не треба заради тоа уште повеќе да ги чувате. На детето му е потребна дисциплина, доследност, лична слобода, можност на избор, се разбира во кругот на друштвено прифатените норми... И за детето, како и за возрасен важи дека можеш да бидеш слободен се додека не ја загрозиш слободата на некој друг. Родителите треба внимателно да ги бираат емисиите, или цртани филмови кои децата ги гледаат на телевизија, како и ограничено време на гледање на телевизија. Долготрајно седење пред ТВ екраните го оневозможува развојот на детските друштвени и емотивни вештини.
Кога го учиме детето како треба да се грижи за другите, не е доволно само да му говориме за тоа, туку мора активно да се влкучи, на пр.: во разни организации, друштва, помош на стари лица, заштита на животните... Првенствено мора да бидете свесни дека токму вие сте првиот пример на детето. Децата не разбираат дека некогаш можеме да направиме прекршок, а друг пат не, затоа што на тој начин го доведуваме во прашање кредибилитетот на нашите начела.
Почитувањето и довербата се многу важни при воспитување на детето.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Доаѓа момент во кој детето не само што не ги исполнува кажаното од вас, но и ви се спротивставува . И што сега? Која тре...

Акни, непријатна миризба на телото – пубертетот може да биде навистина тежок. Но работите можат да станат уште покомплиц...

Дали сте забележале дека родителите и односот со нивните деца е многу променет за разлика од кога вие бевте дете?

Пред да помислите дека станува збор за некакво сериозно научно истражување, веднаш да ви напоменеме дека не е така. Напр...
