Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Родителите се служат со многу трикови за да ги анимираат своите деца во текот на возењето во автомобил. Играчките, боиците,чадорот, сликичките и ранците се додатоци за дете кои ги носиме со нас кога тргнуваме на пат, се со цел да им овозможиме на децата поголема удобност при патувањето и разбивање на монотонијата. За жал мораме да бидеме свесни дека тие предмети може да го загрозат животот на детето, на пример при нагло кочење или при ненадејно менување на брзината.
За да ги заштитиме најдобро нашите најмили, треба сите работи кои не се неопходни да се отстранат односно да се постават во багажникот или за тоа наменет затворен дел, но никако на задното седиште, под седиште или на задните делови од колата.
Колата не смее да биде отпад за ѓубре
Цд–а, ментол бонбони и омилен пијалак во лименки, телефоните и клучевите мора да бидат складирани во делови од автомобилот наменети за тоа. Не е потребно посебно да напомнуваме дека острите, тврди и тешки предмети се најголеми причинители за загрозување на животот на детето во автомобилот. Затоа сите овие работи треба да бидат складирани во дел од автомобилот наменет за тоа. Треба да се одржува постојана хигиена во автомобилот затоа што разните отпадоци и вишокот на предмети лесно можат да ја загрозат сигурноста на детето. Добредојден придружник при патување може да ни биде некоја плишана играчка, која во случај на судир нема да го загрози животот на Вашето дете.
Дали е багажникот доволно голем?
Задните седишта најдобро е да бидат наменети за превоз на децата. Сите останати работи преместете ги во багажникот. Секако уште пред да тргнете на пат треба да се осигурите дали во Вашиот багаж има доволно место за сите Ваши додатни работи, кои Ви се потребни кога тргнувате на пат. При транспорт детската количка мора да биде сместена исклучиво во багажникот. Поради тоа треба да бидете многу внимателни при изборот на автомобил, под никаков услов не смее количката која може да се склопи да биде сместена на задното седиште во автомобил, до детското седиште. Исто така и шишето на Вашето дете подобро би било да биде складирано во предниот дел на колата на соодветно место, и да му се дава на детето само по потреба. Најдобар семеен автомобил е оној кој има доволен простор во багажникот и кој има доста затворени површини за одлагање на нашите додатоци кои ни се потребни при патувањето.
Неколку совети за организација на багажот за поголема безбедност на детето
Багажникот не смее да биде преполн, работите може да се складираат неколку сантиметри под горната граница. Никако не смее да ги отстрануваме заштитните пластики за да има повеќе простор. Работите треба да ги организираме така што тешките предмети ќе бидат поставени одоздола а лесните над нив. При пакувањето најдобро е да се придржуваме на правилото – што помалку тоа подобро. Да ги понесеме со себе оние основни работи кои ни се најпотребни, затоа навистина не е потребно да земе со себе 5 резервни пара на детски чевли и 20 играчки.
Најважно од се е тоа што како возачи мора да бидеме концентрирани на патот. Секако дека секој родител автоматски реагира на плачот од неговото дете и во тие ситуации најдобро е да се паркирате настрана од патот и да се погрижите за него наместо да го изгубите фокусот на патот и да се вртите назад кај детето. Од голема сигурност е ако знаеме дека во близина на детето нема предмети кои можат да ја загрозат неговата безбедност.
Бакнување на дете во уста.
Admin
Дали вие (мама и тато) го бакнувате детето во уста? И дали некој друг го бакнува (на иницијатива на детето)? Тука мислам на дете до 3 години. старост.