|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Блог: Зошто плачат мајките?

Марина Кљајиќ Петковски, 2.4.2021
@me_mother_of_three си ја отвори душата
Клучни зборови:

image
/11


 

Колку само пати сум била прашана од моите деца - мамо, зошто плачеш? 

- Така, не можеш да разбереш или ќе дознаеш кога ќе бидеш мајка - се моите најчести одговори...

Плачам, зошто така ми дојде, гледајќи ги фотографиите од моето детство, од вашите први ехо сликички, од времето кога бевте во мојот стомак, деновите кога се родивте, првиот пат кога ве гушнав, првата средба меѓу вас тројца, вашите први запчиња, чекори, зборови, одење во градинка, училиште, првите ноќи во кои не спиевте со мене... Плачам зошто така ми дојде, зошто сум среќна што ве имам и тажна што толку брзо ми растете... 

Плачам, но тешко е да објаснам зошто, не можеш да разбереш чедо мое, не можам да го доловам емоциите кога ве гледам како се грижите еден за друг, како го држиш брат ти за раче, колку внимателно  им читаш на браќата, му помагаш на брат ти да ги заврзи патиките, се радувате на вашите успеси.. Не разбираш колку сум горда кога на родителска средба наставничката те пофали, кога доби пофалница за твојот цртеж, кога со насмевка храбро ја издржа интервенцијата на хирургија, кога ми читаш што си напишала, кога го гледам тој твој жар во очите додека зборуваш за NASA, кога сакаш да го поделиш оброкот со гладното улично куче... 

Кога нервозно ќе ви викнам, кога зафатена ќе ве игнорирам, кога замислена нема да ве слушнам, за секој момент што неповратно си заминува, плачам а и сама не разбирам зошто. 
Ќе дознаеш кога ќе бидеш мајка, мила моја ќерко, еден ден, кој ќе дојде многу поскоро отколку што можеш да замислиш, ќе дознаеш зошто плачат мајките.

Плачам зошто сум тажна за моето детство, мојата младост, а истовремено сум среќна што сум возрасна и мајка.

Тагувам за мојата мајка и се радувам за фактот што сега сум ваша мајка.
Затоа што телото ме боли а истовремено срцето ми прескокнува од преголема среќа. Болат раните, градите, снагата, а истовремено не чувствувам ништо друго освен неопислива еуфорија, возбуда, среќа. Плачам, за секој миг кој неповратно заминува а оние мои мали бебиња се деца кои растат и почнуваат самостојно да чекорат во животот.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Знаци на пубертет кај девојчињата и момчињата
Промените во пубертетот почнуваат кога мозокот предизвикува производство на полови хормони. Потоа следат физичките проме...
4
Одлучив да бидам лоша мајка!
Кои се нештата кои една мајка ја карактеризираат како добра или лоша? Има ли учебник од кој една жена може да научи како...
4
Знаци за паразитска инфекција кај децата
Типични паразити се: пантличара, глиста, нематоди и едноклеточни протозои. Симптомите варираат од еден до друг паразит, ...
4
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу напорна работа бидејќи тие се премногу мали за да ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?