|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

(Не)правилен изговор на гласовите

Редакција Рингераја, 26.6.2014
Една од најчестите причини заради која родителите бараат помош и совет од логопед, е неправилниот изговор на гласовите или дислалија
Клучни зборови:

image
/11


 

Дислалија е пореметување на изговорот на гласовите. Како примарна тешкотија може да се дијагностицира кај личности со оштетен слух, уредна инервација на говорните органи (уреден пренос на импулси од мозокот кон говорните органи(, уредна интелегенција и уреден развој на останатите јазични компоненти. Означува непрецизна или  погрешна артикулација (изговор на гласовите), а може да се нарекува и:

-          Омисија (изоставување на некои гласови), на пример плаво-паво-пааво, Мартин-Матин-Маатин

-          Супституција(замена со друг глас), на пример гласот “Р” со гласовите “ј” и  “л”, на пример Лука-Јука, Риба-Либа-Виба.

-          Дисторзија – искривен изговор на гласовите, на пример француско Р.

Дислалијата може да биде предизвикана од анатомски промени на усната шуплина (неправилност на забите, високо небце, кратка подјазична врска, расцепи на устата или небцето...) Понатаму, таа може да биде предизвикана од недоволна подвижност и спретност на говорните органи, најмногу јазикот, чии движења во изговорот на гласовите треба да бидат многу прецизни, на пример подигнување на врвот на јазикот нагоре при изговор на гласот Л, или вибрирање со врвот на јазикот при изговор на Р.

Овде исто така треба да се спомене и лошиот говорен пример. Ако еден од родителите неправилно изговара некој глас или група на гласови, постои поголема можност и детето неправилно да изговара гласови, од истата артикулациска група.

 

Кога детето мора да почне нормално да изговара одредени гласови?

Детето го учи јазикот и говорот постапно, а истото важи и за изговорот. Говорот на малите деца е резултат на процесот на учење, кој после некое време, станува се посличен на говорот на возрасните во одредена говорно-јазична заедница. Секако, ако говорот во било кој вид отстапува  од говорот на заедницата, тогаш се нарушува разбирливоста на говорот и се отежнува комуникацијата. Со текот на годините изговорот се усовршува и детето постапно се доближува до коректниот изговор на секој глас.

Во гласовниот состав на секој јазик постојат гласови кои созреваат порано и подоцна. Порано се појавуваат гласовите кои се поедноставни за изговор, а подоцна гласовите за кои се потребни сложени движења на говорните органи, особено на јазикот. До третата година на животот обично децата правилно ги изговараат сите вокали и околу десет согласки. Останатите гласови ги изоставаат (риба-либа), или ги изговараат помеко. По третата година гласовите постапно се прочистуваат и ниту еден глас не смее да биде изоставен во изговорот. Неправилниот изговор на гласовите се толерира до петтата година. Во петтата година гласовите треба да се изговараат чисто и правилно.

 

Развојна линија на појава на гласовите кај 75%  од децата:

-          Меѓу првата и втората година се појавуваат А, О, Е, П, Б

-          Меѓу втората и третата година се појавуваат И, У, Ф, В, Т, Д, Н, Њ, М, К, Г, Х, Ј

-          Меѓу три-ипол и четири години се појавуваат С, З, Ц, Ш, Ж, Л и Љ

-          Меѓу четири-ипол и пет години се појавуват Ч, Ѓ, Џ, Ѕ, Ќ, Р

 

Фина моторика и изговор на гласовите

Научниците кои го проучуваат развојот на детскиот нервен систем а посебно развојот на говор, го откриле големото стимулативно значење на функцијата на рацете. Така, врз база на истражувањата кај голем број деца откриена е следната законотост: кога развојот на движењата на прстите одговара на возраста и развојот на говор е уреден. Кога развојот на фината моторика заостанува, заостанува и развојот на говор. Значи, колку се детските прсти поактивни, толку подобро се остварува неговиот говор, неговиот емоционален и интелектуален развој.

Вежбите со прсти е потребно да започнат од најраното детство. Благото масирање и опуштање на прстињата можеме да го правиме на шест месечно бебе. Обрнете внимание на тоа како детето манипулира со прстите и како владее со едноставните вештини – како држи виљушка, чаша, молив, како ги мие рацете, како ги врзува врвците или како го запетлува џемперчето. Ако забележите дека детето има потешкотии во изговорот на гласовите, вежбајте ги неговите прсти.

 

Кога да се започне со логопедска терапија?

Како што е веќе наведено, говорните норми се однесуваат на 75% од децата и не е доволно да се потпрете само на нив. Логопедот ќе одреди дали погрешното изговарање е пореметување или не. Кај некои деца ќе се толерира повремената замена на слични гласови и до шестата година, а кај некои деца ќе биде потребна логопедска терапија и порано, заради лошата подвижност на артикулаторот. Заради таа цел постои логопедско советувалиште.

Логопедската терапија трае најмалку половина час и се одвива 1-2 пати неделно, во зависност  од јачината на пореметувањето и од хронолошката старост на детето. За успешност на терапијата од ислучителна важност е соработката на родителот, која се темели на повторување на она што детето го научило кај логопедот и редовност на вежбите. Периодот кој е потребен за корекција на изговорот е различен од дете до дете.

Пореметувањата во изговорот е потребно да се исправат во раното детство за детето, при поаѓање на училиште, да не се сретне со дополнителни и непотребни потешкотии.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
5
Афазии во детската возраст
Афазијата најчесто се појавува кај повозрасните лица, но во клиничката логопедска пракса, иако ретко, афазијата се сретн...
5
Детето кое не игра е болно дете?!
Кога повторно би се вратила играта, детскиот џагор на улиците, играњето игри во групи, другарување, почитување, социјали...
4
Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
4




Анкета

Zensko ime
SOLE

koe ime vi e poubavo?

Simona (33%)

Antonija (45%)

Milana (22%)


Број на сите гласови: 314

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!