|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

9 работи кои нема да ги правам со второто дете

Meredith Gordon, 4.12.2022
Јас немам фотографија од себе како бебе. Сериозно. Такви фотографии воопшто не постојат. Тоа е затоа што сум најмала од трите ќерки на моите родители, кои очајнички сакале момче...

image
/11


Meredith Gordon од Лос Анџелес е глумица и стенд-ап комичарка. Освен тоа, таа е блогерка и од секојдневните работи прави сценарија за филм. Има две деца и не сака да се однесува исто кон нив. Прочитајте зошто:

 

Јас немам фотографија од себе како бебе. Сериозно. Такви фотографии воопшто не постојат. Тоа е затоа што сум најмала од трите ќерки на моите родители, кои очајнички сакале момче. Кога сум се родила немале ни име за мене смислено. Кога виделе дека не сум момче, почнале да бараат име и ќе крстиле по глумицата која во тој момент била на телевизија во болничката соба.

Не се жалам што немам фотографија од себе како бебе. Среќна сум што имам барем име.

Но себеси си ветив дека ќе бидам поинаква со своите деца. Ќе се однесувам кон нив потполно исто, си реков себеси пред да станам мајка, знаејќи дека најмалото дете во семејството најчесто се чувствува како помалку важно.

А тогаш забележав дека куќата ми е полна со фотографии од мојот син, кој е прво дете, додека само една фотографија на ќерка ми беше урамена. Кога го сфатив тоа, се понадевав дека ќерка ми е се уште мала за да ја забележи надмоќта на својот постар брат.

Но иако имам помалку урамени фотографии со неа, таа има предност во тоа што има поискусна мајка. Постојат безброј работи кои ги направив со своето прво дете, а кои нема да ги повторам со второто – бидејќи научив дека не треба. Ова се тие неколку работи:

 

Постојано надлетување

Моето второ дете нема мајка која постојано лета и скока околу него загрижена дали ќе биде добро и исплашена да не се искрши.

 

На секои две минути проверување дали дише

Ќе проверувам дали дише, само не на секои две минути. Ќе бидам многу поведра и помирна.

 

Плачење кога ќе тргне во градинка

Кога мојот син тргна во градинка, јас плачев. Бев загрижена и се прашував дали ќе биде среќен, дали е на вистинското место и со вистинските луѓе. Затоа на почетокот секогаш бев во близина на градинката, што е  блесаво.

 

Нема постојано да го терам да си игра со другите деца

Толку силно посакував мојот син да има пријатели, што постојано го терав да оди и да си игра со нив, независно од тоа дали децата му се допаѓаат или не. А играњето со деца кои не ви се допаѓаат не е баш толку забавно. Нејзе ќе ја пуштам сама да ги избира своите пријатели.

 

Нема да дојам кога не сакам

Ги почитувам оние луѓе кои го дојат второто дете исто колку што го доеле и првото. Јас не можев, а и не сакав. А не можев ниту да го смирам својот син додека ја доев ќерката.

 

Нема да поминувам часови и часови правејќи храна за бебето

Со првото дете се мачев правејќи му пире и кашички. На второто дете му купив теглички храна за бебиња и заштедив време, кое одлучив да го поминам играјќи си со децата.


Нема да паничам заради воведувањето на цврста храна

Добро се сеќавам на стриктните правила за почеток на хранење на детето со цврста храна. Тие правила се изменија додека се роди моето второ дете, па ги игнорирав. Таа јадеше јаготки, јаткасти плодови и друга цврста храна пред својот брат.

 

Нема да се нервирам заради опасност од давење

Секако дека секогаш се потресувам кога во уста ставаат  ситни играчки, но понекогаш тоа не може да се избегне. Можеби таа порано од нејзиниот брат сфати дека Лего коцките не се за јадење.


Нема слепо да се придржувам на советите од книгата за родители

Додека го растев својот син сфатив дека ништо не сум научила од книгата за родители. Всушност таквите книги ме правеа многу нервозна. Затоа ги исфрлив. Кога ми треба совет прашувам пријател и педијатар.

 

Моето девојче нема да може да најде многу свои фотографии низ куќата, но барем нема да има нервозни родители. Без оглед на тоа што не се однесував исто кон обајцата, ги сакам подеднакво и тоа е единствено важно.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

ХОТЕЛ ШПИК, во прегратка на недопрената пр...
Летото пред три години единственото Алпско одморалиште Шпик го здогледа светлото на светот, кое се наоѓа под врвовите на...
5
7 работи кои ве прават прекрасен родител
Скоро 90% од времето, мислите дека грешите и дека можете да бидете подобар родител од што сте. Но, има работи кои не ги ...
4
Типови интелигенција кај децата
Еве како да се научите да ги препознаете типовите интелигенција кај децата, за да успеете да му помогнете на своето дете...
4
Што треба да знае дете на 2-годишна возраст?
Секое дете се развива индивудуално, но постојат некои граници и нешта кои може да ни укажат на тоа дека детето има потен...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?