vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Мајчинството е најважната улога, но не и единствената. Личната грижа и времето одвоено само за себе не е луксуз,туку твое право и огромна потреба , неопходност за да функционираш нормално и воедно да бидеш уште подобра во твојата улога како мајка.
Со три деца на приближна возраст, од кои две со настава од дома и едно од претшколска, во оваа состојба на пандемија која од самиот почеток не принуди на живот во карантин и минимални, дури и воопшто никакви контакти, од мајка која го живее сонот, преку ноќ стигнав во фаза на соочување со своевиден кошмар исполнет со тензија, фрустрираност,напнатост, неизвесност, страв...
Домот, децата и с? околу нив станаа мојата главна и единствена преокупација.
Распоредот ни се смени целосно.
Верувам, на повеќето ви звучи познато.
Иако сето ова ви делува на една хаотична и безнадежна, мајчинска исповед – грешите.
Вистина е, моите батерии дојдоа до ризичната црвена линија, но преведов нешто пред да биде предоцна.
Што? – Застанав пред огледало и си реков : Еј, мама на три! Застани, диши длабоко. Ти не си САМО мама!! Најди време само за себе.
И ти, мама која читаш – застани, здивни. Посвети си време само за себе.
Гледај филмче, напиј се винце, читај книга, слушај музика, танцувај, излези на тремот и гледај ги ѕвездите. Дај си оддишка, одмори се, наполни ги батериите.
ТИ ЖЕНО го заслужуваш тоа!!
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да му помогнете на телото да се опорави од стрес?
Стресот е природна реакција на организмот кога се соочува со притисок,...
Што е цервикална слуз и која е нејзината улога?
Цервикалната слуз е природен секрет што го создаваат жлездите во грлот...
Што всушност значи да се биде среќен?
Среќата е едно од најпосакуваните чувства, но и едно од најтешките за ...
Дали либидото е показател за плодност?
Либидото, односно сексуалната желба, може да се менува во различни пер...
Како се менува женската плодност со возраста?
Женската плодност природно се менува со текот на годините. ...