vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Најпрво добро измијте ги јаболкaтa кои сакате да ги употребите, а потоа насецкајте ги во стаклена тегла или пластично буре. Пластичните буриња не би требало да се практикуваат, но ако се работи за поголема количина тогаш едноставно сте приморани. Додадете превриена и изладена вода во 4 пати поголема количина од количината на јаболка. Генерално според рецептите на еден килограм јаболка оди 3-5 литри вода, се тоа во зависност дали сакате да приготвите посилен или по разреден оцет. На оваа количина додадете 50 до 100 грама шеќер. Повеќе шеќер се става ако јаболкaта се помалку слатки.
Кога се ова ќе го приготвите покријте со стерилна газа и оставете на некое мирно место на температура околу 20 степени. Некои го ставаат на сонце, но ова не е неопходно. Доказ дека се сте направиле како што треба ќе биде неподносливо силниот мирис кој ќе се јави во првите 10 дена стоење. Затоа не се препорачува да се чува во стан, туку само во празна гаража или подрум. По два месеци стоење потребно е да го процедите и пресипете во друг сад и повторно да го оставите уште 6 месеци. Потоа повторно го цедите и конечно можете да го употребите.
Секако ова можеби ви изгледа како предолг временски период, но верувајте дека ќе ви се исплати. Затоа пригответе доволна количина јаболков оцет за целата сезона додека не стигне наредната берба.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...
Навики на позитивните и смирените луѓе
Дали познавате луѓе кои и во стресни ситуации успеваат да останат приб...