vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Пред неколку мигови , додека бев наведната над своите документи во работната соба, се растажив размислувајќи за изминатиот ден. Работата веќе ми се смачи, затоа дојдов да разговарам со тебе во тишина, додека се одмораш...
Утринава бев нервозна додека се молкнеше и облекуваше полека и ти велев дека е време да престанеш да бидеш толку бавен. Те искарав видејќи ги истутка панталоните и те погледнав со прекор кога истури малку храна на блузата.
“Зарем пак?” – воздивнав, вртејќи ја главата. Ти се смееше и рече:
“Чао мамичке!”
Попладнето имав телефонски разговори додека ти си играше во својата соба, гласно пеејќи и гестикулирајќи, со играчките наредени во неправилни редови по креветот. Нервозно ти дадов знак да престанеш да правиш галама и продолжив да зборувам уште цел час.
“Веднаш да си ја напишал домашната задача” – наредив – “и престани да губиш време.”
“Добро мамичке” – рече со грижа на совест и седна на работната маса со молив во рака.
После тоа во твојата соба завладеа мир. Вечерта јас работев, а ти ми пријде со страв.
“Ќе читаме ли вечерва приказна мамо?”, ме праша со надеж во гласот.
“Не вечерва” – одговорив остро, “Собата се уште е неуредна! Колку пати уште морам да те потсетам?”
Отиде во својата соба влечејќи ги нозете и со наведната глава. Набрзо се врати и ѕирна во мојата соба.
“Што сакаш сега?”, прашав налутено.
Не рече ништо, само дојде до мене, ги стави рацете околу мојот врат и ме бакна во образ. “Лека ноќ мамичке, те сакам.” – беше се' што рече и ме прегрна. Исчезна со иста брзина како што дојде. После тоа долго седев со поглед закован на работната маса, чувствувајќи како ме обзема грижа на совест. Кога го изгубив дневниот ритам, се прашував и по која цена.
Не направи ништо за да предизвикаш такво расположение кај мене. Беше само дете кое ја исполнува својата задача, да расте и учи.
Јас денес се изгубив во светот на возрасните и обврските и ми остана само малку енергија за тебе. Ти денес стана мој учител со таа незадржлива потреба да дотрчаш и да ме бакнеш за добра ноќ, дури и после овој мачен ден во кој мораше цел ден да одиш на прсти заради моето расположение. Сега, додека те гледам како спиеш, страшно сакам овој ден да почне од почеток. Утре ќе те почестам со исто толку внимание и разбирање, како што ти ми покажа денес, за да можам да бидам вистинска мајка – топло да ти се насмеам кога ќе се разбудиш, да те охрабрам по училиште, да ти прочитам некоја ведра приказна пред спиење.
Ќе се смеам кога ќе се смееш и ќе плачам кога ќе плачеш.
Ќе се потсетам себеси дека си дете, а не возрасна личност и ќе уживам во тоа што сум твоја мајка...
Ме допре со твојата толеранција, затоа дојдов во овие ситни саати...да ти се заблагодарам – тебе, детенце мое, учителу и пријателу мој, за дарот на твојата љубов...
Непознат автор
5
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...