Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Дали опкружувањето е денес исто? Не е, а опкружувањето е 100% важно. Секоја нова генерација запишани во прво одделение е полоша од претходната. Па што ќе биде тогаш со децата ако и понатаму ги користиме истите методи? Ќе бидат се полоши. Значи, мораме да ги менуваме методите.
Др. Рајовиќ вели дека денес моториката кај децата е значително полоша, општото знаење исто така, вниманието послабо, речникот посиромашен. Тоа значи дека проблемот настанал пред запишување на училиште. И за тоа не се криви само родителите, туку и опкружувањето. Тогаш доаѓа нов проблем, а тоа е училиштето. Децата заради неправилниот развој не можат да одржат внимание, не можат да читаат, пишуваат, иако се интелегентни.
За манипулациите на децата и границите
“Кога детето е среќно и ние сме” – тука е просторот за манипулација. Колку детето е постаро толку повеќе ги контролира родителите, ако нема граници. Тука доаѓа проблемот со мобилниот телефон. Армија родители не знаат што да прават со своите деца. На детето е тешко да му се постават граници, па тие одат во крајност да се будат навечер за да играат игри. Детето кога игра игри добива ендорфин во повеќе наврати и станува зависно. Ендорфинските стимуланси се како морфиум, тоа е како дрога – предупредува доктор Рајовиќ.,
“Мојот син Данило за 5-от роденден доби некоја видео-игра и бидејќи јас сум против тоа, ја прашав роднината која му го купи – зошто? Таа ми вели – Па Ранко, немој да си примитивен, сите го имаат тоа, како ќе си игра со другите деца, ако не знае ништо за тоа? Па видете каде е тука логиката кога тој таа игра ја игра сам.”
Докторот вели дека му дозволил на синот да игра само по половина час дневно, но тоа набрзо почнало да излегува од контрола.
“Се обидов да му објаснам дека нема да има добра акомодација на очите, дека ќе има проблем кога ќе тргне на училиште, нема да може да чита подолго од 15 минути и дека тоа се вика дислексија, тој ме пушти да завршам и ме праша – Може ли сега да играм? Јас видов дека не вреди. Добро, велам, бидејќи ме измами неколку пати сега ќе ти го земам ова додека не се договориме. Тато врати го, ќе се договориме. Потоа го прашувам:
Во ред, сакаш да го играш ова еднаш или два пати неделно?
А не, јас сакам секој ден.
Еднаш или два пати неделно. Ако не се договориме ти го земам. Имаш 10 секунди. 10, 9, 8...
Два пати
Потоа договоривме да биде во понеделник и четврток по половина час. Потпишавме и договор кој го фотографирав. Следниот ден ме излага. Му го зедов телефонот и плачеше долго. Следниот пат кога ме измами плачеше еден час. Третиот пат не плачеше. Сфати дека нема назад. Тоа е мудроста на родителството – поставување на граници. Родителите мора да се едуцираат, да читаат, да видат што е ново за да знаат да се постават на вистинскиот начин” – тврди Др. Рајовиќ.
забава Бремените
Автор: bobik
Играта на именување е една од наједноставните, но и најмоќни алатки шт...
Бањањето не мора да биде борба
Времето за бањање понекогаш може да биде предизвик и за родителите и з...
Промени во расположение во бременоста
Од насмевка до солзи за само неколку минути. Зошто бременоста го менув...
Дечиња, дали знаете дека кога јадеме, џвакањето е како мала магија што...
Летото е сезона на сандали, боси прошетки и сензуалност која почнува о...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?