Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Како што постојат деца кои немаат апетит, така е честа и појавата на деца кои секогаш имаат добар апетит и јадат со задоволство. Овие деца освен главните оброци, во текот на денот знаат да побараат и меѓу оброци со изговор дека се гладни.
Некои родители плашејќи се децата да не им станат премногу дебели и храната да не им стане преокупација, при изјавите дека се гладни се обидуваат да им го одвлечат вниманието на своите деца, барем до времето предвидено за главниот оброк.
Сепак, претерано е мислењето дека децата треба да бидат премногу слаби. Дури и спротивно на ова, постои мислење дека на многу слабите деца им недостасуваат резерви на вишок килограми кои кај многу неизбежни детски инфекции им помага да се прележи заболувањето без последици.
Умерената дебелина кај децата е потполно нормална, доколку децата се хранат здраво и со разновидна исхрана. Важно е да одберете добар и различен избор на храна: зеленчук, овошје, посно месо, риба, сирење, јајца и црн леб. Треба да се одбегнуваат сосовите со брашно, често конзумирање на тестенини, помфрит, брза храна, како и претерана количина на полномасно млеко (доволно е половина литар дневно).
Малите меѓуоброци пред почеток на главното јадење се непотребни. Тие влијаат на покачување на тежината, а притоа го одземаат апетитот за главниот оброк. Многу е важно два часа пред главниот оброк да не се дава храна на децата.
Инаку како препорачлива храна за редовните меѓу оброци се смета: јогурт, јаболка, круша, морков, а никако не треба да се даваат грицки, бомбони и слатки работи, бидејќи оваа храна влијае на дебелината кај децата, лошо влијае на забите и доведува до појава на кариес, како и до појава на дијабетис.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Најчести причини за машки стерилитет
Машкиот стерилитет е почест отколку што многумина мислат и учествува в...
Вежби и движење за бремени жени
Бременоста не значи целосен одмор и избегнување физичка активност. Нап...
Природни симптоми на овулација
Овулацијата е клучен момент во менструалниот циклус и претставува пери...
7 начини да поминете повеќе квалитетно време со децата
Во динамичното секојдневие, многу родители се соочуваат со предизвикот...
Кога е време да се побара специјалист за плодност?
Планирањето на бременост е возбудлив, но понекогаш и стресен процес. Д...