vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Колку пати сте биле во ситуација кај докторот, а посебно во лабораторија, да видите расплакано дете – кое не дава да биде боцнато и плаче,стравувајќи од инјекција или вадење крв? Во таква ситуација никој не би останал рамнодушен?
Мајките и татковците тогаш страдаат заедно со своите деца, а покрај тоа се чувствуваат и многу неудобно. Затоа е препорачливо однапред да го подготвите детето за она што го чека во лабораторијата, но само со тоа што ќе ја зборувате вистината.
Разговарајте со детето
На сите ни е непријатен моментот на земање крв или ставање на инјекција, а посебно на децата. Секое боцкање, како што кажуваат педијатрите, претставува еден вид шок за малите деца. Децата брзо се плашат, но должност на родителите е да ги ослободат од тој страв. Затоа е многу важно со децата да се зборува отворено и искрено, за детето да може да гледа со доверба на докторите и сестрите и да биде отворено за соработка.
Над се' треба Вие да бидете прибрани, да не покажувате вознемиреност, бидејќи детето го чувствува тоа. Доколку сте во можност, одведете го детето во лабораторија и кога не е болно, за да ги запознае лицата кои работат таму и персоналот. На тој начин, следното одење во лабораторијата или амбулантата ќе биде помалку стресно.
Не плашете ги децата со игли
Еден од начиноте за детето да се ослободи од стравот од игла, е да не му се заканувате со “боцки” кога ќе сакате да го дисциплинирате. Таков вид на заплашување не е добар, макар што многу често се користи кај нас. заради тоа детето во својата глава ќе создаде слика дека тоа е некој вид казна. Многу е важно на децата да им зборувате дека докторите се добри, дека им помагаат на децата кога ќе се разболат, дека ги сакаат децата. Исто така, не треба да ги лажете децата дека земањето крв и ставањето инјекција не боли. Кога ќе се уверат во спротивното, ја губат довербата во Вас , но и во медицинскиот персонал. Освен тоа, детето може да почне да чувствува страв и доколку долго седи во чекалната, а за тоа време слуша како другите деца плачат.
Извор: Yumama
7
5
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Секс во плодниот прозорец - практичен водич
Ако се обидувате да забремените, времето на сексуалните односи може да...
Кои се здравствените придобивки од сексот?
Сексуалната интимност е дел од здравјето и благосостојбата на многу во...
Како да создадете здрав ритам на живот во бременоста?
Бременоста носи многу промени од телото и апетитот до спиењето, распол...
Подготовка за породување - физички и ментални чекори
Породувањето е голем животен настан и сосема е нормално пред него да ч...
Што значат пореметувањата на спермата?
Кога се зборува за машката плодност, често се користи изразот „поремет...