vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
36-годишниот фудбалер вчера беше во парк, но не да игра фудбал, туку на татковска должност – се грижеше за ќерката Харпер и синовите Ромео и Круз. Изгледаше како посветен татко кој со леснотија ја држи ќерката и внимава на синовите. Харпер пиеше џус, додека Ромео играше кошарка со неговиот брат. Харпер е единствената ќерка на Дејвид и Викторија, а среќниот татко за магазинот Телеграф, во врска со тоа, изјави:
“Морам да признаам дека повеќе сакав да имам три синови, отколку три ќерки. Додека Харпер порасне и стане тинејџерка, ќе има тројца постари браќа кои ќе бидат веќе мажи и добро ќе внимаваат на неа”.
Додека Дејвид ги чува трите деца, Викторија е во Лос Анџелес со четвртото дете, синот Бруклин. На Твитер таа напишала “Имавме неверојатно попладне на јавањето со Бруклин во Холивуд Хилс. Го сакам Л.А.”
За Викторија и Дејвид семејството секогаш е на прв план и покрај згуснатиот распоред и високо профилните кариери.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Дали природното секогаш значи и безбедно?
Кога станува збор за здравјето, исхраната и негата на телото, многумин...
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста, но важ...
Кои вредности е важно да ги научи детето уште од мало?
Детството е период во кој се поставуваат темелите на личноста, каракте...
Промена на вагиналниот исцедок
Вагиналниот исцедок е природен дел од женското репродуктивно здравје. ...
Тестови за овулација. Кога и како да ги направите?
Ако планирате бременост, препознавањето на плодните денови може да ви ...