vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Приказната за создавањето на децата родителите можат да ја започнат со приказни за малечките на слоновите, мајмуните или мачките. Можат да раскажат дека родителите кои се сакаат, независно дали станува збор за луѓе или животни, се галат и така се создава бебето во стомачето на мама. Деталите и начинот на создавањето на бебето родителите можат да ги објаснуваат постепено, во зависност од комплексноста на прашањата на детето.
Растејќи децата поставуваат се посложени прашања, па во согласност со тоа и родителите даваат се посложени одговори. Кога детето ќе постави прашање како доаѓа бебето во стомакот на мама, можете да му одговорите дека се спојуваат еден дел од мама и еден дел од тато. Тој нов мал дел е колку гравче, а потоа расте и расте во стомакот на мама додека не порасне во големо бебе.
Детето ќе биде задоволно со тој одговор извесно време, но ќе дојде момент кога ќе бара поконкретен одговор. Та најчесто се случува во школскиот период. Тогаш е време за објаснување што е тоа сексуален однос. Одговорот може да биде: “Секс значи да се води љубов со некоја личност, да се грижиш за неа, да се биде нежен со неа, да се гали и да се допира. Сексот има врска со бебињата. Кога мажот и жената ќе посакаат да имаат бебе, тие прво се гушнуваат, се бакнуваат и многу се приближуваат еден до друг. Толку се блиску што пенисот на мажот може да влезе в вагината на жената . Тоа се нарекува полов однос. Во полов однос влегуваат само возрасни и зрели луѓе.”
Зошто е важно да ја завршите приказната до крај? Затоа што детето може да заклучи дека бебето може да се создаде ако двајца луѓе се гушнуваат и бакнуваат и се блиску еден до друг. Ако детето не ја разрешило дилемата, може да стравува дека ќе создаде бебе ако се бакнува со пријателот/пријателката. Затоа ве советуваме да бидете искрени со детето.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Менструална фаза, што се случува во телото?
Менструацијата не е само неколку дена крвавење. Таа е почеток на нов м...
Зошто плодните денови се важни за забременување?
Кога се обидувате да забремените, веројатно често слушате за плодни де...
Што треба да знае идниот татко пред обидите за бебе?
Кога еден пар ќе одлучи дека е време за бебе, подготовката не започнув...
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...