Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
До нормални функции на организмот преку нормализирање на мускуло-скелеторниот систем
Што е АБР?
ABR е скратеница од Advanced Biomechanical Rehabilitation, или преведено на македонски- унапредена био-механичка рехабилитација, унапредена – заради пристапот кој го има кон проблемот и резултатите кои се неколку чекори понапред од сите постоечки методи за рехабилитација на лица со повреда на мозок.
Тоа е всушност терапија развиена од рускиот пронаоѓач Леонид Блум.
АБР нуди техники за трајно структурално опоравување на мускуло-скелеторниот систем . Преку нормализирање на мускуло-скелеторниот систем , функциите се развиваат нормално и спонтано. За АБР техника родителите на деца со ограничувања во психо-моторниот развој добиваат соодветна обука, а резултати се добиваат со секојдневна работа по неколку часа на ден.
Кому може АБР да помогне?
АБР е за родители кои не се задоволни од состојбата во која се наоѓа нивното дете, за оние родители кои сакаат да го ослободат сопственото детето од оклопот во кој тоа е заробено. АБР е за родители кои се спремни да работаат со своето дете со цел да му го подобрат животот.
АБР може да се применува за лица со мозочна повреда или некаква девијација на мозокот, состојби како што се
церебрална парализа
проблеми со говор
аутизам
хиперактивност
микроцефалии
спазми
даунов синдром
епилепсија
повреди на глава
мозочен удар
сколиози
рет синдром
предвремено родени бебиња
оштетувања предизвикани од вакцина
.......
Зошто АБР се разликува од другите терапии?
Основното прашање што го поставуваат родителите кои ја посетуваат нашата веб страна е Која е разликата меѓу АБР и останатите терапии?
АБР проблемот го решава од поинаков аспект.
Додека со сите други терапии , целта е да се извлече максимумот од детето со таа структура на телото што ја има, да се добие некаква функција преку соодветни вежби за раце и нозе, АБР го прави обратното. АБР прво ја зајакнува и опоравува структурата, го нормализира мускуло-скелеторниот систем. Преку нормализирање на мускуло-скелеторниот систем , функционалните промени (контрола на глава,контрола на трупот,седење, лазење, одење итн. ) се добиваат спонтано, како и кај секоја здрава личност.
Резултатите кои се добиваат со АБР се трајни и никогаш не се губат. За АБР не постои возрасна граница. Подобрувања добиваат сите пациенти без разлика на возраста и состојбата.
АБР терапија за лица со посебни потреби - видео материјали
6
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Обидите за бременост не се соло патување
Обидите за бременост често изгледаат како тивка борба. Календар, тесто...
Кандида, што ја активира и како да ја контролирате?
Кандида (Candida albicans) е габа која природно живее во организмот во...
Габички на кожа и нокти, природни начини vs. фармација
Габичките на кожа и нокти се честа појава и можат да бидат упорни. Од ...
Патот до бебе, вистинските стории
Секој пат до бременост е различен. За некои, тоа е брз и лесен процес,...
Кои права ги имате во породилната сала?
Породувањето е длабоко личен и значаен настан. Иако се одвива во медиц...