Во минатото удирањето на децата како дисциплинска мерка било нормално, пред сe затоа што човештвото не било доволно едуцирано. Многу често слушам ,,Па и ние сме тепани и еве ништо не ни фали"
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Одговор на блогот
Во минатото удирањето на децата како дисциплинска мерка било нормално, пред сè затоа што човештвото не било доволно едуцирано. Многу често слушам ,,Па и ние сме тепани и еве ништо не ни фали". Многу често на психотерапија и кај оние лица кои работат на себе и својот личен раст и развој дознаваат дека токму тепањето како граница од родителот понатаму е причина за потешкотии во поставувањето на здрави граници кои се многу значајни во животот. Односно, се јавува недостаток на механизми да се заштитиме на здрав начин, да бараме и бираме што е најдобро за себе итн. Од друга страна пак, самото тоа што родителот се довел до момент да мора да удри најверојатно значи дека тој не поседува здрави граници кон себе, не се грижи и за своето ментално здравје, не се едуцира и не бара помош како да го надмине проблемот. Децата дефинитивно бараат многу, родителите се исцрпени и доаѓаат во ,,тесно" и сето тоа е во ред, но наместо да се бара оправдување, се бара разбирање и наоѓање начин да се смени начинот на реагирање.
Постојат повeќе видови насилство врз децата.
Децата можат да бидат исто онолку оштетени од недостиг на внимание, како од психичко или физичко насилство што се должи на пропуст, а не престап чии последици се силни и долгорочни.
Верувам дека секој родител го сака најдоброто за своето дете и не би сакал да прави престап или пропуст, како би наоѓал оправдување за едното или другото.
Не постои совршен родител, но убаво е да се трудиме сите да сме свесни, да се извиниме, да кажеме кога ќе погрешиме и да најдеме решение за предизвиците.
Правени се голем број на истражувања какви последици носи физичкото насилство врз децата и дел од нив се појавуваат веднаш, но огромен дел најчесто се манифестираат подоцна во текот на целиот живот. Дел од нив се поврзани со зголемен ризик од болести, а дел со централниот нервен систем, со регулација на емоциите, меморијата, однесувањето итн.
Улогата на родителот е да му помогне на детето да ги разбере последиците, да ги разбере сопствените емоции, да ја насочи својата љубопитност кон конструктивни нешта, да му помогне да научи дека животот нема ,,да му зададе удар" секогаш кога нешто ќе посака...
Наместо ќотек како дисциплинска мерка која понатаму може да донесе намалување на когнитивните способности, лошо ментално и емоционално здравје, проблеми со социјализација и атачмент, пост трауматско растројство на стрес, итн., родителот може да стави СТОП на ова, да се едуцира, да работи на личниот развој и да му помогне на своето дете да стане посреќен човек, во посреќно општество.
Msc. Elena Djebr
Licensed Psychologist, MS in Clinical and Counselling Psychology
Manager in Mostly Dooel
Founder of Transformacija
Следете ја @transformacija.mk на Инстаграм
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Мамо, сакам!
Сосема е природно децата да посакуваат скапи работи, но тоа не значи дека секогаш треба да добијат сe што ќе посакаат. Н...
4
Агресивност кај децата од предшколска и шк...
Како да реагирате доколку вашето дете се однесува агресивно, прочитајте во овој текст на Мр. Логопед Светлана Трнинкова
3
Топ 5 правила за родители на тврдоглави деца
Секое дете има своја личност, а некои од нив уште од најмала возраст покажуваат силна волја, јасни ставови и непоколебли...
3
Разговор со блогерката Сања craziness_call...
Сања Стојанова, 30 годишна – иновативна мајка која стои позади профилот CRAZINESS_CALLED_PARENTHOOD на инстаграм! За себ...
3